Последниот апсурд на технологијата: Во Кина добивате тоалетна хартија во јавни тоалети само откако ќе изгледате реклама
Наједноставното човечко искуство – посета на јавен тоалет – денес во Кина станува бизарен спој на технологија, контрола и маркетинг: ако не покажете лице или не изгледате реклама, нема да добиете ниту лист тоалетна хартија. Преку ваквите системи, Кина влезе во ново ниво на надзор и дигитална економија, носејќи шок и вџашеност кај посетителите, но и непријатни прашања за човечкото достоинство.
In This Article:
Кој сака хартија – мора да покаже лице или да изгледа реклама
Јавните тоалети низ познатиот туристички центар во Кина користат уреди што го скенираат лицето на секој посетител или го принудуваат да изгледа реклама за да добие тоалетна хартија. Ова не е најава за филм – ова се случува веќе неколку години, според Oddity Central.
Од скенери за лице до платен пристап – алгоритмот одлучува колку хартија ќе добиете
Системите со вештачка интелигенција ограничуваат добивање на само едно мало парче хартија на секои 10 минути. Новата верзија на уредите сега бара од корисниците да скенираат QR-код со телефонот и да изгледаат реклама, по што машината испушта ролниче хартија. Доколку немате време или не сакате да гледате реклама, мора да ја платите хартијата – половина јуан, што е околу 7 центи.
Девојка го презентира системот
Во популарното видео на China Insider, девојка го демонстрира системот: го користи телефонот, скенира бар-код на машината, гледа кратка реклама и потоа ја добива посакуваната хартија. Иако изгледа забавно, многумина се прашуваат: што ако ниту имаме телефон, ниту батерија? Овие системи се воведени за да се намали прекумерното користење на тоалетна хартија во полни јавни места. Но, легитимно се поставува прашањето: дали човечкото достоинство може да зависи од батеријата на телефонот или од 7 центи? Никаква технологија, дури ни вештачка интелигенција, не смее да го замени чувството за човечност.