No Image x 0.00 + POST No Image

Брајан Џонсон открива кој е најдобриот начин да пиете кафе за да го продолжите животниот век – не правете ја оваа фатална грешка

SHARE
25

Кафето одамна беше одбиено од познатиот био-хакер Брајан Џонсон во потрага по совршено здравје и долговечност. Но, ново научно истражување го натера 48-годишниот Џонсон – кој тврди дека неговото биолошко тело е повеќе од 10 години помладо од неговата вистинска возраст – целосно да го промени мислењето за кофеинот. Драматичните резултати ветуваат намален ризик од смртност, но со еден важен услов: начиннот и времето кога пиете кафе може буквално да ви го одредат животот.

Брајан Џонсон открива кој е најдобриот начин да пиете кафе за да го продолжите животниот век – не правете ја оваа фатална грешка

Научната студија од Тулен покажа: Утринското кафе го намалува ризикот од смртност – Поголема долговечност за љубителите на кафе

Во новото видео, Џонсон ги истакна наодите од студијата на Универзитетот Тулен во Луизијана, според која луѓето што пијат кафе имаат 16% помал ризик од смрт од која било причина и 31% помал ризик од срцеви заболувања во споредба со оние кои не пијат кафе. Меѓутоа, заклучокот од истражувањето е дека времето кога се пие кафето игра клучна улога: добрите ефекти најмногу се гледаат кај оние кои го пијат само наутро. „Нашите резултати укажуваат дека не е само важно дали пиете кафе или колку пиете, туку и времето од денот кога го пиете тоа е важно. Обично, не даваме совети за временска рамка во исхраната, но можеби треба да размислиме за тоа во иднина“, изјави водечкиот автор д-р Лу Чи.

Научната студија од Тулен покажа: Утринското кафе го намалува ризикот од смртност – Поголема долговечност за љубителите на кафе

Кафе во попладневни часови го уништува вашиот сон и долговечноста – Џонсон предупредува: 'Нема да ги добиете придобивките ако пиете кафе попладне!'

Во видео-клипот, Џонсон ги предупреди гледачите: „Ако пиете кафе попладне за да останете будни, можеби губите дел од придобивките за долговечноста.“ Тој објасни дека кофеинот има полуживот од пет до шест часа, што значи дека шолја кафе во 15 часот остава половина количина кофеи насобрана во телото до 21 часот. Тој додава: „Тој преостанат кофеинот може сериозно да ви го расипе сонот. А, ако не сум го кажал доволно – сонот е најважното нешто што можете да го направите за вашето целокупно здравје.“ Џонсон советува: Кафето треба да се пие само рано наутро, и тоа без шеќери и додатоци, за вистинскиот ефект.

Кафе во попладневни часови го уништува вашиот сон и долговечноста – Џонсон предупредува: 'Нема да ги добиете придобивките ако пиете кафе попладне!'

Кафето содржи преку 100 полифеноли и ги чисти оштетените клетки – вистински природен антиоксиданс и терапија за долготраен живот

Полифенолите се природни соединенија во растенијата кои делуваат како антиоксиданси и помагаат во борбата против клеточно оштетување. Кафето содржи повеќе од 100 полифеноли. Овие супстанци го поттикнуваат процесот на автофагија, природен механизам на телото за „чистење“ на оштетените или излитени клетки. Џонсон истакнува: „Кофеинот и полифенолите во кафето можат да го намалат воспалението, да ги заштитат мозочните клетки, да го зголемат метаболизмот и да ја подобрат васкуларната функција и протокот на крв. Кога ќе го искористите кофеинот како што треба, тој може да биде и терапија за долговечност.“

Кафето содржи преку 100 полифеноли и ги чисти оштетените клетки – вистински природен антиоксиданс и терапија за долготраен живот