No Image x 0.00 + POST No Image

Како богатата сопруга ги сокрила милионите, а алчниот сопруг добил само 0,5% од нејзиниот имот по бурен развод

SHARE
26

Семејната драма на Сајмон Ентвисл и Џени Хеливел заврши со судска пресуда, но открива и фасцинантна приказна за алчност, тајни и големи суми пари. По само три години брак во луксузна вила во Дубаи, разделбата ги открива и скриените страни на брачниот живот и богатството.

Како богатата сопруга ги сокрила милионите, а алчниот сопруг добил само 0,5% од нејзиниот имот по бурен развод

Сопругот барал 2,9 милиони евра и луксузен живот, иако не знае да зготви ниту омлет

Симеон, 42-годишник од Болтон, побарал од судот 2,9 милиони евра од богатството на својата поранешна сопруга. Тој инсистирал дека брачниот договор не бил испочитуван и дека заслужува голем дел од имотот. Неговите барања вклучуваа дури и 41.000 евра за авионски патувања и 30.000 евра годишно за храна, а пред судот призна дека не знае да зготви ни еден омлет. Судот му додели 460.000 евра, но по одземање на правните трошоци, доби само 370.000 евра – околу 0,5% од богатството на Хеливел.

Сопругот барал 2,9 милиони евра и луксузен живот, иако не знае да зготви ниту омлет

Богатството на сопругата било скриено – судот откри дека таа не пријавила милиони

Иако брачниот договор предвидувал пола-пола делба на заедничката сопственост, судот утврди дека Џени Хеливел намерно скрила од својот маж голем дел од имотот. Апелацискиот суд заклучи дека таа не пријавила околу 73% од своето вистинско богатство, кое изнесува дури 78 милиони евра. Во нејзините имоти се вбројуваат недвижности во Дубаи, Франција и бизниси добиени од нејзиниот татко, како и вила во Вимблдон.

Богатството на сопругата било скриено – судот откри дека таа не пријавила милиони

Судот порачува: Брак со богат човек три години не е билет за вечен луксуз

Иако Хеливел му понудила и до 920.000 евра за мирно решавање, Сајмон барал повеќе. Судот беше јасен – животот со богатa личност не значи автоматско право на луксуз после развод. На Сајмон му било препорачано да научи да готви, бидејќи „не мора да си шеф-готвач за да се храниш здраво“. Судот ги повика страните повторно да разговараат за спогодба и да избегнат понатамошни судења.

Судот порачува: Брак со богат човек три години не е билет за вечен луксуз