Близнаци родени на чудесен начин: Имаат различни татковци, а делеле иста матка - мажите биле пресреќни поради овој феномен
Ретки се случаите во кои близнаци имаат различни биолошки татковци. Овој феномен, познат како хетеропарентална суперфекундација, е документиран во науката, но останува необичен – се проценува дека само 1 од 400 пара близнаци се раѓа на овој начин. Сајмон и Грејм Берни-Едвардс, брачен пар од Лондон, сонувале да станат татковци, но се соочиле со дилема – кој од нив ќе биде биолошкиот татко? „Не можевме да одлучиме кој ќе биде биолошкиот татко“, раскажува Сајмон. „Грејм сакаше тоа да бидам јас, но јас сметав дека и тој има подеднакво право“. Единственото решение беше ин витро оплодување, но со имплантација на ембриони од двајцата во иста сурогат мајка. Во Англија тоа не беше возможно, па парот започнал потрага по лекар и соодветна сурогат мајка во странство. Во Канада ја запознале Мег Стоун, самохрана мајка на два сина, која била подготвена да им помогне. „Ги видов нивните профили на страница за сурогат мајчинство и веднаш ми се допаднаа“, вели Мег.
Мег - незаменлив дел од оваа приказна
Со донирани јајце-клетки, двата ембриона беа оплодени во Лос Анџелес, а потоа трансплантирани во матката на Мег во Канада. За време на прегледите, Сајмон и Грејм со нетрпение чекале да дознаат дали и двата ембриона се успешно имплантирани. „Мег ни се јави преку видео-повик од клиниката. Прво го видовме првото отчукување на срцето, а потоа и второто. Само се гушнавме – двајцата ќе бидеме татковци!“ Парот постојано бил во контакт со Мег и повторно отпатувале во Канада за важните прегледи. На 31. недела, Мег почувствува болки и помислила дека породувањето почнува, па Сајмон и Грејм веднаш се упатиле таму. За среќа, била лажна тревога, а пет недели подоцна, на свет дошле Александра и Калдер Берни-Едвардс. „Тоа беше најневеројатното искуство во нашите животи. Кога за првпат ги држевме во раце, не можевме да веруваме дека двајцата сме биолошки татковци“. По седум недели во Канада, семејството конечно заминало за Англија, оставајќи зад себе една посебна личност – Мег, која засекогаш останала дел од нивната приказна.