Што се случува зад кулисите на најголемиот стриптиз клуб во Британија каде танчерки заработуваат и до 14 илјади евра за една вечер, но сопственикот ја открива и темната страна
Вигл е најголемата мрежа на стриптиз клубови во Британија, а нивните танчерки можат да заработат енормни суми — но приказната на сопственикот открива дека зад блесокот стои и сериозна борба за опстанок во опаѓачка ноќна економија.
In This Article:
- Вигл поседува четири стриптиз клубови низ јужниот дел од Англија и до 400 танчерки работат во нив
- Танчерки кои заработуваат до 14.000 евра за една вечер – но не секоја ноќ е профитабилна
- Адреналин и социјално искуство – најубавата страна на бизнисот според сопственикот
- Темната страна: Пад на ноќната економија, затворени клубови и откази за саканиот персонал
Вигл поседува четири стриптиз клубови низ јужниот дел од Англија и до 400 танчерки работат во нив
Таран Ојла го води семејниот бизнис и е на чело на Вигл од 2021 година, наследувајќи го татко му кој го отворил првиот клуб во 2000 година. Денес имаат четири локали во Вејмут, Борнмут, Портсмут и Саутхемптон каде работат околу 400 танчерки во ротација. „Имаме околу 400 танчерки на смена во сите клубови, некои работат редовно, некои по неколку дена годишно. Сите се самовработени – тие самите ни јавуваат кога сакаат да работат, по договор“ – објаснува Таран за Дејли Стар.
Танчерки кои заработуваат до 14.000 евра за една вечер – но не секоја ноќ е профитабилна
„Заработката на танчерките многу варира. Работат како самовработени, самите си ги бираат смените, а ние земаме процент од нивната заработка“, вели Таран. „Типично, една танчерка знае да земе меѓу 230 до 570 евра по ноќ, но има вечери кога ќе излезе само со 60 евра... а некогаш знае да заработи илјадници. Најмногу што сум видел некоја танчерка да земе во една ноќ е 14.000 евра.“
Адреналин и социјално искуство – најубавата страна на бизнисот според сопственикот
Таран признава дека најмногу го исполнува „возбудата“ од полните клубови. „Најубавото нешто е чувството кога сè тргнува по план, клубот е полн, танчерките добро заработуваат, гостите се одлично расположени... тоа е како да се победи голема добивка во казино!“, раскажува тој. „Секоја вечер е различна, се среќаваме со безброј интересни луѓе и создаваме незаборавни мигови.“
Темната страна: Пад на ноќната економија, затворени клубови и откази за саканиот персонал
Но, празните ноќи ги откриваат суровите вистини на индустријата. „Од прва рака ја гледаме стагнацијата со бројот на гости и нивните трошоци. Не можам да ги обвинувам – се обидуваме да ги задржиме истите цени уште од 2021, но генерално гледаме пад. Многу од соседните клубови и барови се веќе затворени, а и јас бев приморан да отпуштам дел од екипата затоа што приходите се далеку помали. Најтешко е кога морам да се разделам од луѓе со кои навистина сакам да соработувам“ – завршува Таран.