No Image x 0.00 + POST No Image

Починато лице е член на собрание и на управен одбор на ФКТ „Ристо Шишков“

SHARE
25

Според документацијата земена од Централниот регистар, лицето Благоја Стефановски, кое е починато во 2020 година, на некои места се појавува како Благој Стефанов, намерно или не, до денес фигурира како член на Собранието и на Управниот одбор во Здружението на граѓани Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Последната промена во раководниот состав од страна на здружението е направена во 2017 година. Здружението е правно лице.

Починато лице е член на собрание и на управен одбор на ФКТ „Ристо Шишков“

Статутот предвидува мандат од четири години, а рокот истекол во 2021

Во статутот на здружението пишува дека мандатот на член на Собрание и Управен одбор трае четири години. Тоа значи дека на починатото лице му истекол мандатот дури и по тој основ, во 2021 година. Тоа значи дека како веќе починат, му е продолжен мандатот до 2025 година. А потоа и до ден-денес.

Статутот предвидува мандат од четири години, а рокот истекол во 2021

Седници најмалку четири пати годишно, а едно место води до прашањето како се одлучувало

Управниот одбор, според статутот, треба да свикува седници најмалку четири пати годишно, а Собранието најмалку еднаш годишно. „Како се одвивала комуникацијата со починатиот во донесувањето на одлуките за доброто на фестивалот и театарот на Македонија, јас не знам, но склон сум да верувам дека овде има елементи на злоупотреба на починат човек. Нека утврдат надлежните органи.“ - напиша на својот фејсбук профил Митко Бојаџиски.

Седници најмалку четири пати годишно, а едно место води до прашањето како се одлучувало

Одбор предвиден со 7 членови од 2017 работи со 5

Управниот одбор, според статутот, треба да брои седум членови кои се избираат на секои четири години. Од 2017 година, Одборот работи со пет члена, со што е прекршен статутот.

Одбор предвиден со 7 членови од 2017 работи со 5

„Тој пали, тој гаси“ стои до името на Ванчо Ристов Патриков

Според документацијата, Ванчо Ристов Патриков, инаку во јавноста познат како седумкратен в.д. директор, во здружението фигурира како претседател на Собранието, претседател на Управниот одбор и застапник на ФКТ „Ристо Шишков“. „Во превод, тој пали, тој гаси. Меѓу членовите на Собранието и Управниот одбор се наоѓа и близок роднина на Ванчо Ристов Патриков. Значи, во раководството имаме едно починато лице и еден близок роднина, засега. Зарем не е тоа целосна катанга и приватизација?! Зарем не е колосална ароганција и демонстрација на моќ?!“ - дополни Бојаџиски.

„Тој пали, тој гаси“ стои до името на Ванчо Ристов Патриков

Барање до Министерството за култура и Општина Струмица за целосна ревизија

„Апелирам до Министерството за култура и градоначалникот на Општина Струмица, како клучни финансиери на фестивалот кој важи за еден од двата најзначајни театарски фестивали во Македонија, да направат целосна ревизија на работата на здружението и да ги утврдат сите неправилности, како правни, така и финансиски. Доколку има основа, да се поднесе обвинение за одговорност. Да се направат напори фестивалот под итно да се извади од калта и да му се врати сјајот и престижот. Големиот актер Ристо Шишков оваа деградација не ја заслужува.“ - завршува Бојаџиски.

Барање до Министерството за култура и Општина Струмица за целосна ревизија

-->