No Image x 0.00 + POST No Image

Бјанка Ценсори пред љубовната врска со Канје Вест: Стари фотографии откриваат сосема поинаква девојка!

SHARE
25

Најшокантното откритие од таблоидите: пред да стане мега-провокативна и партнерка на Канје Вест, Бјанка Ценсори била сосема обична девојка што носела нормална облека! Фотографиите од 2021 година се доказ дека пред славата и провокациите, таа била далеку од денешниот имиџ кој го шокира светот.

Бјанка Ценсори пред љубовната врска со Канје Вест: Стари фотографии откриваат сосема поинаква девојка!

Бјанка во минатото: Се носела како повеќето жени, не како денес

На архивните фотографии објавени од TMZ, Бјанка може да се види во класична, но сè уште модерна облека. Нејзиното деколте било забележливо, но далеку повеќе покриено отколку што сме навикнати да гледаме денес, кога на речиси секое појавување таа ја шокира јавноста со екстремната разголеност.

Бјанка во минатото: Се носела како повеќето жени, не како денес

Неочекуваниот пресврт: Тајна свадба со Канје Вест за помалку од шест месеци врска

Јавноста беше изненадена кога Канје Вест и Бјанка Ценсори за првпат беа забележани заедно во јануари 2023-та. Подоцна беше откриено дека парот се венчал тајно уште во декември 2022 година – само неколку месеци по официјалната разделба на Канје и Ким Кардашијан, после седум години брак. Бурниот љубовен живот на раперот и неговите јавни настапи со молби Ким да му се врати, дополнително ја зголемија драмичноста на овој нов брак.

Неочекуваниот пресврт: Тајна свадба со Канје Вест за помалку од шест месеци врска

Канје имал интерес за Бјанка уште додека работеле заедно во YEEZY

Изгледа дека Канје Вест не ја запознал Бјанка случајно. Таа работела во компанијата YEEZY уште од 2020 година, на негова лично покана. Луѓе блиски на Ким Кардашијан изјавиле дека страста помеѓу Бјанка и Канје се чувствувала уште од тогаш. Се верува дека токму поради долгогодишната симпатија, Канје ѝ предложил брак на Бјанка по помалку од шест месеци врска.

Канје имал интерес за Бјанка уште додека работеле заедно во YEEZY

Како љубовта со Канје ја направи Бјанка нов тренд и икона на провокацијата?

Бјанка денес знае како да биде центар на вниманието каде и да се појави, преку својот уникатен и екстравагантен стил. Трансформацијата од девојка со минималистичка естетика до „кралица на екстраваганцата“ ја направи постојано тема за таблоидите и фановите на поп-културата ширум светот.

Како љубовта со Канје ја направи Бјанка нов тренд и икона на провокацијата?