Бизарни пророштва за темнината што доаѓа и ќе го уништи светот
Во блиска иднина, демоните повеќе нема да бидат во пеколот – ќе се преселат меѓу луѓето. Цивилизацијата ќе се уништи сама. Машините ќе застанат поради недостиг на гориво, водата ќе исчезне, ќе нема леб, а златото ќе стане безвредно. Луѓето ќе ги напуштаат домовите – без струја, без гас – и ќе се вратат на живот во природни услови, како во првобитните времиња.
Крајот на комфорот и падот на човештвото
„Евангелието ќе биде одземено од луѓето,“ се вели, и ќе се прераскажува од усто на уста, дел по дел. Ќе се вратат древните болести – чума, туберкулоза – но медицината нема да може да помогне. Ќе има страдања полоши од сите порано. Ќе дојде време на исповедничка вистина, кога ќе биде потребна искреност и духовна подготвеност. Антихристот ќе дојде по Третата светска војна. Границите ќе се избришат, народите ќе се преселуваат, а светот ќе добие еден владетел. Тој ќе добие власт од десет цареви и ќе владее со помош на лажен пророк, кој со лажни чуда и психички влијанија ќе го мами светот. Евангелието ќе биде изопачено, а телевизорот ќе стане негова „икона“. Ќе се воведе глобална економија, а печатот „666“ ќе стане неопходен за секоја трансакција.
Антихристот, лажниот пророк и новиот светски поредок
И покрај сè, оние што ќе живеат по евангелието и ќе постат, ќе бидат заштитени. Господ ќе ги нахрани со молитва, со една просфора неделно. Затоа, нема место за страв, туку за вера и молитва – тоа е патот за спасение.