Биткоинот беше само почетокот, што е следно? Во што ќе инвестира Бери Силберт, еден од првите луѓе од Вол Стрит што сериозно влегле во Биткоин
Повеќето слушаат за Бери Силберт само кога нешто ќе тргне наопаку: кога крипто-пазарот се урива, кога се бараат виновници, кога довербата во целиот систем исчезнува. Но, за да се разбере зошто неговите зборови сега се посилни од било кога, мора да погледнеме многу наназад – во деновите кога Биткоин бил само шега, а тој обичен банкар со сон за нешто повеќе.
In This Article:
- Од Вол Стрит до крипто револуционер – како ризикот и грешките го обликуваа патот на Силберт
- Крахот на пазарот, ликвидации, закани и лична трагедија – вистинската цена на успехот за Силберт
- За Силберт, иднината не е „следниот токен“ – туку децентрализирана интелигенција што сите можат да ја градат
- Бери Силберт остана таму каде малкумина имаат храброст – на самиот почеток на новата дигитална ера
Од Вол Стрит до крипто револуционер – како ризикот и грешките го обликуваа патот на Силберт
Во 2011-та, Силберт бил поранешен инвестициски банкар, уморен од старите правила. Случајно налетува на Биткоин – не го одбива, туку половина година истражува се што постои. Купува први Биткоини по 7-8 долари, гледа eуфоричен раст на 30, потоа пад на 5. Но наместо да се откаже, почнува да гради – не токени, не шпекулации, туку вистинска инфраструктура. Измислува Grayscale – алатката преку која институциите прв пат влегуваат во крипто светот. DCG станува чадор за стартапи, CoinDesk, Foundry... Тој прави врата низ која традиционалниот капитал навлегува во криптото.
Крахот на пазарот, ликвидации, закани и лична трагедија – вистинската цена на успехот за Силберт
2022 е година на кошмар: прво Luna, потоа Three Arrows Capital – прежестоки шокови за целиот еко-систем. Genesis, еден од клучните играчи на DCG, претрпува удар. DCG мора да избира: да се тргне или да се вложи сопствен капитал за спас. Тие решаваат да спасат, но потоа следи уште потежок удар – FTX и целосен банкарски паник. Genesis оди во стечај. Интернетот преполн со обвинувања, лаги, теории на заговор, па дури и смртни закани. Во меѓувреме, додека фирмата е под правен и медиумски оган, Бери поминува низ најголемиот личен пекол – неговата ќерка е на хемотерапија. "Додека ми го убиваат карактерот на интернет, јас се обидувам да станам прибран покрај дете во болница. Тука сфатив што вистински значи ризик, и што значи иднина."
За Силберт, иднината не е „следниот токен“ – туку децентрализирана интелигенција што сите можат да ја градат
Денес, Силберт не гледа напред кон уште еден шпекулативен токен, туку во нешто подлабоко: децентрализирана интелигенција. Неговата нова опсесија е Bittensor – мрежа каде интелигенцијата не припаѓа на неколку корпорации, туку е отворена глобална конкуренција на идеи, модели, податоци. "Секој може да придонесе, секој може да биде награден – не со дозвола, туку затоа што вреди неговиот труд," вели тој. Мрежата е како интернетот за информации, но овој пат за знаење и интелект. Нема VC-алокации, нема фаворизирани играчи. Секој што е внатре, е бидејќи верува и гради. "Не знам што точно ќе излезе од ова – и баш тоа ме возбудува. Никој не можел да го предвиди Uber во 1995. Никој не знаеше за YouTube. Но интернетот ги смени сите. Истото ќе се случи и тука."
Бери Силберт остана таму каде малкумина имаат храброст – на самиот почеток на новата дигитална ера
Неговите зборови денес тежат повеќе од било кој инфлуенсер – не затоа што секогаш бил во право, туку затоа што преживеал се што може да тргне наопаку и не се повлекол. И останал таму каде што е најтешко, но највозбудливо: на самиот почеток од следниот бран што го менува светот.