No Image x 0.00 + POST No Image

Биткоин и АИ - двете технологии кои ке ја одлучат иднината. Мајкл Сејлор

SHARE
20

Мајкл Сејлор е основач на Strategy, компанија која инвестирала над 60 милијарди долари во Биткоин. Тој е еден од најгласните застапници на позицијата дека Биткоинот не е шпекулативна инвестиција, туку решение на системски проблем што трае илјадници години. Неговата перспектива за Биткоин е историска, а не само финансиска.

Биткоин и АИ - двете технологии кои ке ја одлучат иднината. Мајкл Сејлор

Зошто се чувствувате посиромашни иако вложувате ист труд: Инфлацијата тивко ве оданочува без вие да знаете

Понудата на пари мерена во долари расте околу 7% годишно – процес кој трае непрекинато веќе еден век, а се повторува уште од времињата на Вавилон, Египет, Грција, Рим, Русија, Кина и Индија. Секоја колонија на Нова Англија пред Американската револуција го дебасирала сопствениот паричен систем. „Прочитав 50.000 страници историја. Не работело подобро никаде никогаш.” Луѓето кои не поседуваат средства го плаќаат овој невидлив данок секоја година, додека паричната вредност се топи. Владите секогаш ги финансирале своите програми или преку даноци, инфлација или други форми на одземање.

Зошто се чувствувате посиромашни иако вложувате ист труд: Инфлацијата тивко ве оданочува без вие да знаете

Четири нивоа на валути: Каде стоите вие во глобалната економија

Сејлор го дели светот на четири нивоа на валути. Прво ниво е доларот, светската резервна валута, што се амортизира околу 7% годишно. Второ ниво се валутите врзани за доларот како еврото, фунтата, јенот, швајцарскиот франк – политички стабилни, но економски стагнираат. Трето ниво се валути што губат од 10 до 14% годишно, каде луѓето се борат да опстанат. Четврто ниво се валути во целосен економски колапс, каде нациите очекуваат помош однадвор. Препознавањето на динамиката може да се забележи преку способноста на економијата да создаде вредност: ако држава може да развие компанија вредна милијарди за десет години, таа сè уште функционира. Примери се САД со развој на Нвидиа, самовозечки автомобили, и АИ – иако таму постојат сегменти без никаква динамика.

Четири нивоа на валути: Каде стоите вие во глобалната економија

Сингапур и Дубаи докажуваат дека рационалната политика може да го измени идентитетот на нацијата

Некои држави се извлекле од економскиот ќорсокак како Сингапур и ОАЕ. Сингапур почнал од нула, со добра даночна политика, добра трговска политика, прифатил англиски јазик и владеење на правото. Денес е меѓу најбогатите градови на Пацификот. Дубаи започнал без вода, дрвја или трева – само со амбиција, и уште од 1901 год. има нулта стапка на данок на трговија. Во 1985 добива слободна зона и денес таму се наоѓаат 17 од 20-те најголеми светски банки. Пораката е јасна: рационалната политика може да ја измени позицијата на една земја. Тоа не е судбина од која нема излез.

Сингапур и Дубаи докажуваат дека рационалната политика може да го измени идентитетот на нацијата

АИ ке го обезвреди трудот: Роботи и автоматизација ке ја променат вредноста на работните места

Сејлор предупредува: вештачката интелигенција и роботите веќе ги превземаат задачи кои порано барале знаење и вештина. Дава пример: ако имате избор да потрошите 200.000 фунти на правна диплома или да купите недвижност, изберете имот. Вредноста на правната професија ќе се намалува – кога секој ќе може да има 10.000 адвокати за 10 долари месечно, играта се менува. Физичките роботи ќе дојдат за десет години. Сè што може да се автоматизира, ќе биде автоматизирано. Она што останува вредно е влијанието, мрежата, дистрибуцијата и сопственоста над ретки средства. „Погрижи се да не си на патот на она што АИ може да го автоматизира."

АИ ке го обезвреди трудот: Роботи и автоматизација ке ја променат вредноста на работните места

Биткоинот како финансиски протокол од новата ера: STRC – инструмент поддржан со Биткоин дава 11,5% годишно

Сејлор го гледа Биткоинот како протокол – меѓу финансиски, математички, научни и лингвистички протоколи што складираат вредност во времето. Strategy инвестира 60 милијарди долари во Биткоин, и преку тоа создава нов инструмент – STRC, кредитен производ покриен со Биткоин што исплаќа 11,5% годишно. "Повеќето луѓе не сакаат да возат ролеркостер со 40% волатилност, но ако некој друг вози ролеркостер, а ти добиваш 10 до 11% годишно и главнината останува стабилна, тоа е нешто друго. Прашај сто луѓе дали сакаат банкарска сметка што ќе им даде 10%. Сите ќе кажат да. Прашај ги дали би сакале волатилен крипто актив – помалку од пет ќе кажат да." Instrumentот е петпати преколатерализиран со Биткоин; ризиците се ако Биткоин падне на нула или издавачот се покаже неспособен. Во споредба, владините обврзници сигурно ќе изгубат 4 до 5% годишно поради инфлација.

Биткоинот како финансиски протокол од новата ера: STRC – инструмент поддржан со Биткоин дава 11,5% годишно

Следната деценија решава: Дали ќе бидеш сопственик или ќе ги плаќаш последиците на инфлацијата

Сејлор не нуди гаранции, но уверува дека структурните сили неизбежно ќе ја трансформираат иднината, и дека прозорецот за позиционирање е отворен сега. Ониe што ќе поседуваат ретки и посакувани средства, ќе бидат на добитничката страна. Оние што ќе држат пари во банка ќе го плаќаат тивкиот данок од инфлацијата. „Прашањето е дали ќе бидеш на страната на тие што поседуваат или на страната на тие што им плаќаат на сопствениците. Ке дојде експлозија на просперитет – милијарда роботи ќе ја работат работата. Прашањето е само кој ќе ги поседува тие роботи."

Следната деценија решава: Дали ќе бидеш сопственик или ќе ги плаќаш последиците на инфлацијата

-->