No Image x 0.00 + POST No Image

Безбедносни роботски кучиња ќе патролираат на Светското првенство: Кибернетичка закана во сенка на фудбалска еуфорија

SHARE
0

Над Светското фудбалско првенство оваа година се надвисна нов тип закана: високотехнолошки безбедносни роботи, кои како што наведуваат многумина, внеле студенило и страв кај навивачите и заштитниците на човековите права. Присуството на роботските кучиња од Boston Dynamics на терените низ САД и Мексико ја отвора дебатата за границата помеѓу сигурноста и правата на луѓето во ерата на напредната технологија.

Безбедносни роботски кучиња ќе патролираат на Светското првенство: Кибернетичка закана во сенка на фудбалска еуфорија

Стравување за човековите права и зголемена милитаризација на турнирот поради насилните протерувања во САД

Насилните депортации и репресиите врз демонстрантите против Имиграционите оддели во администрацијата на Трамп внеле сериозна загриженост за претстојниот Мундијал кој се одржува низ повеќе градови во САД, Канада и Мексико оваа година. Групи за човекови права и навивачки здруженија гласно предупредуваат за зголемувањето на полициската милиартизација и присуството на ICE агенти.

Стравување за човековите права и зголемена милитаризација на турнирот поради насилните протерувања во САД

Застрашувачките изјави на вицепретседателот Џеј Ди Ванс и пораката до странските посетители

Вицепретседателот Џеј Ди Ванс дополнително ја подгрева тензијата, откако лани во јавноста упати ладнокрвна порака кон странските посетители: „После турнирот, нека си одат дома – во спротивно ќе мораат да разговараат со [поранешната секретарка за домашна безбедност Кристи] Ноем.“

Застрашувачките изјави на вицепретседателот Џеј Ди Ванс и пораката до странските посетители

Роботските кучиња Spot забележани на стадион во Тексас, а грижите за надзор растат

Ништо чудно што објавите за роботско куче Spot од Boston Dynamics забележано на AT&T Стадионот во Арлингтон, Тексас, брзо се проширија по социјалните мрежи, поттикнувајќи муабети дека роботите вршат препознавање на лица. Сепак, портпарол на Boston Dynamics за Chron изјавил: „Роботите немаат можност за препознавање на лица и ќе се користат за асистирање на обезбедувањето при испитување на сомнителни пакети или други потенцијално опасни материјали.“

Роботските кучиња Spot забележани на стадион во Тексас, а грижите за надзор растат

Безбедносната програма Security Spot: Најголемата флота роботи досега на еден турнир

Роботските кучиња се дел од поширокиот проект „Security Spot“ на компанијата Hyundai, сопственик на Boston Dynamics. Според нивната веб-страница, ова е „најголемата и најнапредна мобилна флота досега, а преку соработката со Boston Dynamics, Hyundai станува првиот и единствен официјален партнер кој снабдува со роботи за турнирот.“ Во соопштението стои: „Како дел од оваа иницијатива, Security Spot, четириножниот патролен робот, ќе ги поддржи безбедносните тимови на лице место, придонесувајќи кон побезбедна околина за турнирот.“

Безбедносната програма Security Spot: Најголемата флота роботи досега на еден турнир

Навивачите вознемирени – споредби со црната иднина прикажана во Black Mirror

Сепак, интернетот не остана рамнодушен. Глетката на роботите кај многумина ја разбуди асоцијацијата со епизодата „Metalhead“ од Black Mirror, каде жена се обидува да преживее во постапокалиптичен свет, бегајќи од автономно роботско куче. „Ме полази треска кога го видов тоа,“ напиша корисник на Reddit под снимка од Spot кој ја врти главата како да скенира лице. Други пак додадоа: „Никако да се помирам што ги натераа да танцуваат додека вршат техно-авторитарен надзор.“

Навивачите вознемирени – споредби со црната иднина прикажана во Black Mirror

И Мексико со свои K9-X роботи: Четири кучиња патролираат, подготвени да прекинат тепачки и нереди

Мексико, како организатор на три стадиони, ќе користи четири роботски кучиња наречени „K9-X,“ кои како што објави Wired, ќе делуваат како прва помош, интервенции при тепачки или пијани инциденти, за заштита на полицијата – што не е малку веројатно, знаејќи го фудбалскиот темперамент на навивачите. Властите одбија да ги откријат производителите и техничките детали за овие роботи.

И Мексико со свои K9-X роботи: Четири кучиња патролираат, подготвени да прекинат тепачки и нереди

-->