Без тавче, без маснотии: Пржено јајце за три минути кое секој ќе го посака!
Викенд појадок од соништата, без тавче, без непотребна маснотија - конечно постои и таков рецепт! Најчеста грешка кај пржените јајца? Висока температура, јајце залепено за тавче и жолчка како гума. Но, сега има нов трик кој ќе ви донесе совршено пржено јајце за три минути, без да го „пржите“ воопшто.
In This Article:
Новата тајна на Чију Чианг: Совршено пржено јајце во аерофритеза, со само неколку капки масло
Готвачката Чију Чианг, креаторка на „I Heart Umami“ рецептите, откри: „Правењето пржено јајце во аерофритеза е брза и лесна алтернатива на традиционалното готвење на шпорет. Јајцата се подготвуваат со многу помалку масло, што значи дека јајцето е поздраво, со помалку маснотии и калории, а го добивате најкремастото пржено бело со крцкава кора, без неред во кујна.“
Што ви е потребно: Јајце, мала чинија и аерофритеза
Сè што ви треба: едно јајце, мала чинија или филџан, аерофритеза загреана на 180°C. Express објави: „Јајцата вака секогаш излегуваат совршени – крцкави одозгора, со кремаста и течна жолчка во средината.“
Како да го направите: Јајцето се става во аерофритеза и за 3 минути е готово!
Кога аерофритезата е добро загреана скршете го јајцето на врелиот плех. Ставете јајцето да се пече на 180°C три минути – за јајце со мека жолчка. Ако сакате жолчката да биде средна, додадете уште една минута.