Бев во 193 земји и еве каде се моите омилени кафе, храна и живописни погледи
Бери Хофнер е човек што им припаѓа на сите меридијани. Како поранешен инвестициски банкар кој стана хуманитарец, Хофнер започна да го истражува светот — и има листа на секоја држава освен Северна Кореја, која планира да ја посети подоцна оваа година — откако му почина сопругата во 2017 година. Решен да биде продлабочен, а не дефиниран од својата загуба, Хофнер тргна да ги посети сите 193 држави во потрага по човечка поврзаност. Тој ги забележал впечатоците од неговото патешествие во книгата „Му припаѓам на светот: Патување од тага до поврзаност во секоја земја на Земјата“, каде споделува неколку незаборавни моменти од своите патувања, вклучувајќи и некои изненадувачки фаворити.
In This Article:
Најзапомнетиот пат: Каракорам, Пакистан — патување низ највисокиот интернационален асфалтиран пат на светот
Од безброј патишта по кои минал, Хофнер го издвојува Каракорам автопатот во Пакистан како највпечатлив за патување со автомобил. Дел од некогашниот Пат на свилата, оваа рута од 1.287 километри нуди погледи кон врвот К2, вториот по височина на светот, гигантски ледници како Балторо и разлеани реки како Инд. На 4.690 метри, ова е највисокиот асфалтиран меѓународен пат на Земјата. Хофнер, неговиот најдобар пријател од факултет и локален водич, патувале со стара Тојота од долината Хунза до Исламабад. „Тоа е неверојатна територија, толку убава“, раскажува тој. „Неколку пати делови од патот пропаѓаа и моравме со часови да ги чекаме воените возила да го расчистат. Никогаш не си во опасност, но не знаеш колку долго ќе трае или што се може да се случи.“ „Едно од најголемите патувања со автомобил, без сомнение.“
Судан: Најдобро кафе со ѓумбир откриено во држава во конфликт
Како страствен љубител на кафе, Хофнер на секое патување носи инстант пакети Старбакс, за секој случај бидејќи често се буди порано или се наоѓа на места до кои локално кафе е тешко достапно. Но токму во Судан го пронајде својот идеален пијалок. „Бевме во оваа земја со конфликти, а немавме целосна слобода на движење, па голем дел од времето поминував во мали улични кафетерии. Првиот пат нарачав само кафе, имаше некој посебен вкус. Го вареа со ѓумбир во прав и беше фантастично“, споделува Хофнер.
Дамаск, Сирија: Највкусна храна и гозба за паметење
Својот 63-ти роденден, Хофнер го прославил во главниот град на Сирија, Дамаск, каде што неговиот водич Фади го поканил дома за празнична трпеза. "Чинии и храба без крај: супа од леќа, баба гануш, салата фатуш, кибе, лабне и мухамара“, се сеќава Хофнер во својата книга. Според неговото мислење, токму Сирија едвај предничела пред Либан со најдобра храна на светот.
Западна Монголија - недопрена природа од соништата
Од сите глетки што имал чест да ги види, Хофнер ја истакнува западна Монголија како најубав и најнедопрен предел на која било земја. „Долините се отвораа како живописен тепих од сурова природа: блескави реки и кристално чисти езера… Планините диво живееја во шарени шари од разубавени полски цвеќиња во лето“, пишува тој во „Му припаѓам на светот“. „Замислив дека оваа недопрена земја изгледала исто и пред векови, кога Џингис-Хан и неговата војска минувале низ степата.“