No Image x 0.00 + POST No Image

Патничка си направи домашна паста во авион и ги шокираше сите околу себе

SHARE
21

Авионската храна одамна важи за разочарување, но една патничка одлучи дека нема да трпи веќе и на 10.000 метри височина сама си подготви италијанска гозба од свое седиште. Постапката не само што ѝ донесе милиони прегледи онлајн, туку и предизвика лавина реакции – од восхит до гадење.

Патничка си направи домашна паста во авион и ги шокираше сите околу себе

Кејти од Сан Диего реши да си ја задржи својата авионска рутина

Позната како @buonapastaclub на TikTok, Кејти јавно призна: „Ако мразиш авионска храна, направи си сам“. Таа на снимката меша брашно, јајца и компири во чинија што ја донела од дома, а потоа вешто меси, развлекува, сече и оформува њоки, користејќи дури и дрвено помагало со жлебови. Некои ја пофалија креативноста, но коментарите не беа баш воодушевувачки.

Кејти од Сан Диего реши да си ја задржи својата авионска рутина

„Авионите се најнехигиенското место!“

Луѓето на интернет ги преплавија коментарите: „Не разбирам како луѓето не сфаќаат дека авионот е најнехигиенското место“. Други шеговито додадоа: „Можеше да си спакуваш сендвич!“, а еден дури напиша: „Би полудел да седам покрај оваа личност.“ Други предупредија и на серозен проблем: „Не е добра идеја, сериозно – за луѓето со целијакија ова може да биде опасно... Размислете кога готвите во јавен простор“.

„Авионите се најнехигиенското место!“

Кејти не е единствената

Кејти не е единствената со екстремна желба за домашна храна за време на лет. Во декември 2023, друг патник од САД, познат како Barfly, стана вирален откако во авионски тоалет приготви ракчиња и пире, користејќи две шестволтни батерии за да загрее храна, која подоцна ја јадеше со раце. Коментарите беа уште понегативни: „Замисли ти си на ред за тоалет по него…“

Кејти не е единствената