No Image x 0.00 + POST No Image

Бамби има два месеца и уште една шанса, покрај јаре спасено од колење

SHARE
0

Ранетата срна од Кичевско, наречена Бамби, засега нема да биде евтаназирана, информираат од здружението „Анимал рескју проект“. Животното било пронајдено со тешки повреди од нелегална стапица и во лоша здравствена состојба, но активистите и ветеринарите решиле да продолжат со терапија и нега, и покрај тешките прогнози.

Бамби има два месеца и уште една шанса, покрај јаре спасено од колење

Некој ја извадил од стапицата и ја оставил да страда

Минатиот четврток, двајца работници на ЕВН кои биле во кичевскиот регион, ја нашле срната во житно поле. Таа се мачела со две нозе што ѝ биле речиси исечени, а третата ѝ била повредена, бидејќи претходно се фатила во стапица поставена за диви свињи. Во раните имала црви и плачела.

Некој ја извадил од стапицата и ја оставил да страда

Од Кичево до Скопје, анализите прво водеа кон евтаназија

Хуманите работници ја однеле кај ветеринар во Кичево, каде што ѝ била дадена антибиотска терапија и било препорачано да се однесе во Скопје. Потоа била предадена на Здружението за заштита на животни „Анимал рескју проект“. По спроведените анализи и консултации со странски експерти, било одлучено следниот ден да биде евтаназирана, бидејќи операција би ја оставила само со една нога, што според здружението и експертите што ги консултирале, би било повторно фатално за неа како преживар.

Од Кичево до Скопје, анализите прво водеа кон евтаназија

Во селото, малото јаре спасено од колење брзо се зближило со Бамби

По дополнителните процени, одлуката се променила: на срната ќе ѝ се даде уште една шанса за живот. По првичниот третман во Кичево и дополнителните прегледи во Скопје, таа е преместена на мирна локација во село, каде што продолжува закрепнувањето со терапија и постојана грижа. Таму не е сама, а секојдневието сега ѝ поминува во побезбедна средина. Случајот повторно го отвори и проблемот што Македонија уште нема изградено центар за грижа за диви животни, па ваквите спасувања завршуваат со импровизации, недоумици, неусогласености и институции што се прогласуваат за ненадлежни.

Во селото, малото јаре спасено од колење брзо се зближило со Бамби

-->