No Image x 0.00 + POST No Image

„Баба ми ме научи да шијам на 3 години, сега везам за Холивуд и кралот“

SHARE
0

Внимателно провирајќи ја иглата низ панделката, тригодишната Лора Баверсток со насмевка ѝ го покажала на својата баба својот прв бод. Таа се присетува: „Кога им покажав на родителите, бев толку горда. Сѐ уште ги чувам парчињата што ги изработивме заедно со баба ми. За нив ме врзуваат толку многу спомени“. Лора ја изгубила својата баба Бриџит кога имала само 10 години, но вештата кројачка дотогаш веќе ѝ го пренела она што подоцна ќе стане нејзин животен пат.

„Баба ми ме научи да шијам на 3 години, сега везам за Холивуд и кралот“

Пчелата за кралицата чекала под елката во Сандрингем

Талентот, а не привилегиите, ја направиле оваа 34-годишна жена избор број еден за вез на британското кралско семејство. Нејзиниот татко работел во телеком, а мајка ѝ била канцелариска работничка, но нејзините раце денес стојат зад дела што ги поседуваат кралицата Елизабета Втора, кралот Чарлс, кралицата Камила и принцезата Ана. Лора вели: „Неколку членови на кралското семејство поседуваат мои дела. Сите тие се страсни пчелари и големи вљубеници во природата. Првото парче што го создадов беше за кралицата Елизабета Втора – мотив на пчела нарачан од воен полк како божиќен подарок за неа. Ми кажаа дека подарокот стоел под елката во Сандрингем чекајќи да биде отпакуван, што навистина ме трогна“.

Пчелата за кралицата чекала под елката во Сандрингем

Кралот Чарлс ѝ испратил писмо, а Хајгроув станал нејзина училница

По првата кралска нарачка, следеле и приватни дела за други членови на семејството. Лора раскажува: „Кога кралот Чарлс го доби своето парче, беше апсолутно воодушевен и ми испрати прекрасно писмо“. Денес таа предава на имотот Хајгроув, во рамките на курсевите на кралската фондација за традиционални занаети, каде што знаењето што го добила како дете го пренесува на нови раце.

Кралот Чарлс ѝ испратил писмо, а Хајгроув станал нејзина училница

Анја Тејлор-Џој носела вез што минал низ Севил Роу и палатата Хемптон Корт

По студиите на Универзитетот за креативни уметности и усовршувањето во Кралската школа за везење во палатата Хемптон Корт, нејзиниот талент брзо го привлекол и Холивуд. Лора работела за кројачите од Севил Роу, а потоа ги украсувала костимите за големи филмски остварувања како „Убиство во Ориент експрес“ на Кенет Брана и адаптацијата на „Ема“ на Џејн Остин. „Везам облека за главните глумци, како Анја Тејлор-Џој во ’Ема‘. Историските филмови и серии се совршени за вез, бидејќи тоа е уметничка форма која сама по себе носи длабока историја. Соработувам директно со костимографите за да ги преточиме нивните идеи во реалност“, објаснува таа.

Анја Тејлор-Џој носела вез што минал низ Севил Роу и палатата Хемптон Корт

Корсети, кожени врвки и оскаровска номинација со Александра Брн

Посебен успех ѝ донела соработката со познатата костимографка Александра Брн за филмот „Мери, кралицата на Шкотите“, кој беше номиниран за Оскар за најдобра костимографија. Лора изработила сложени украси од кожени врвки и рачно извезени детали врз корсетите и фустаните. Нивната соработка продолжила и во филмот „Аеронаути“ со Еди Редмејн и Фелисити Џонс.

Корсети, кожени врвки и оскаровска номинација со Александра Брн

200 часа за тигар од 9-каратно злато на длабочина од едвај 4 милиметри

Нејзината специјалност е вез со злато, древна техника во која се користат метални жици и златни конци за изработка на сложени тридимензионални релјефи. Оваа година нејзиното мајсторство го препозна и престижниот швајцарски производител на часовници Vacheron Constantin, кој ја вклучи меѓу шесте врвни мајстори во светот за својата колекција Métiers d’Art. Посветувајќи повеќе од 200 часа на ова ремек-дело, Лора на бројчаникот на часовникот извезла сложен минијатурен тигар со комбинација од 9-каратно злато и 18 нијанси свилен конец на длабочина од едвај 4 милиметри. Секој бод во нејзините дела се изработува исклучиво рачно, под силна специјална светлина, оживувајќи занает што плени со својата прецизност и убавина.

200 часа за тигар од 9-каратно злато на длабочина од едвај 4 милиметри

-->