Австралијката што сака да спие со 2000 мажи пред Нова година: Секој ден легнува со четири различни партнери
Џолин Досон веќе има повеќе од 1800 партнери и решена е да стигне до бројката од 2000 до новогодишната ноќ. Таа е 29-годишна студентка од Австралија која отворено зборува за својот сексуален живот и енормните бројки што ги постигнува, обидувајќи се да докаже дека и таа може да им конкурира на најпознатите девојки од OnlyFans. Да беше вака амбициозна за други работи можеби ќе стигнеше до некаде во животот :)
            
        
In This Article:
- Нејзиниот „список“ веќе брои 1832 имиња: Џолин прецизно ги бележи сите
 - Потребни и се четири партнери дневно за да ја достигне целта: Сексот трае околу еден час дневно
 - Љубовниот живот не ѝ пречи на универзитетот, тренинзите и забавите со пријателите
 - Секој маж поминува низ строг избор: Само оние со одлична форма и финансиска стабилност се прифаќаат
 - Не и е доволно 2000: Целта за 3000 партнери до 30-тата година
 
Нејзиниот „список“ веќе брои 1832 имиња: Џолин прецизно ги бележи сите
Според самата Џолин, таа чесно води евиденција за сите мажи со кои спиела, во посебен документ на Microsoft Word. Во интервју за The Sun вели: „Во документот имам веќе 1832 реда.“ Нејзината крајна цел е да стигне до 2000 партнери до крајот на годината, а до 2026 – уште поголеми бројки.
                
            
Потребни и се четири партнери дневно за да ја достигне целта: Сексот трае околу еден час дневно
„Повеќето мажи не траат долго“, се пожалила австралијката, која признава дека мора секојдневно да биде со неколку мажи за да стигне до својата цел. За да ги стигне своите 2000, Џолин има по четири партнери дневно, а целиот секс ѝ одзема околу еден час на ден. Таа отворено вели: „Јас имам секс со толку мажи затоа што се уште не сум го нашла оној со кој сакам да ја врзам мојата животна приказна. Инаку, ми требаат по четворица дневно за да завршам работа“.
                
            
Љубовниот живот не ѝ пречи на универзитетот, тренинзите и забавите со пријателите
Иако нејзиниот љубовен и сексуален живот е доста активен, таа тврди: „Наутро одам на предавања, одам во теретана или се дружам со другарки. Навечер се гледам со неколку мажи, пред спиење. Обично сѐ ми е однапред организирано: спијам и со стари познаници, и со нови пријатели.“ Добро е важно универзитетот не трпи...
                
            
Секој маж поминува низ строг избор: Само оние со одлична форма и финансиска стабилност се прифаќаат
Не секој може да се најде на листата на Џолин. „Тие мора да бидат во топ форма за да можат да држат темпо со мене“, објаснува таа. Финансиската сигурност ѝ е исто така битна карактеристика за избор на партнер.
                
            
Не и е доволно 2000: Целта за 3000 партнери до 30-тата година
Досон верува дека ќе може да освои уште 170 мажи до крајот на годината и веќе размислува за следната голема бројка: до 30 години да има 3000 партнери.