No Image x 0.00 + POST No Image

Астронаут на НАСА ја открива тајната, како преживеал 286 дена ЗАГЛАВЕН во вселената

SHARE
8

Американскиот астронаут Буч Вилмор помина 286 дена во Меѓународната вселенска станица поради технички проблеми со леталото со кое пристигна, но и покрај предизвиците, тој редовно присуствувал на виртуелни богослужби за да остане поврзан со верата. Како долгогодишен член и старешина на црквата Providence Baptist во Тексас, Вилмор истакна дека духовната поддршка му била клучна: „Божјиот збор ми е потребен, ме исполнува“.

Астронаут на НАСА ја открива тајната, како преживеал 286 дена ЗАГЛАВЕН во вселената

Не беше сам, тука беше и Суни Вилијамс

Додека бил во орбитата, Вилмор водел молитви и пеел духовни песни како „Amazing Grace“, а секоја недела следел и богослужба од друга црква во Тенеси. Тој изјави дека, иако немал физичко заедништво, чувствувал дека тоа е неопходно за неговата ментална стабилност. Заедно со астронаутката Суни Вилијамс, Вилмор бил дел од мисијата што требало да трае осум дена, но поради одложувања поврзани со технички и организациски причини, останале во вселената речиси девет месеци. Иако не сакаа директно да обвинат некоја страна, Вилмор призна дека и тој, како командант на летот, сноси дел од одговорноста за пропустите во подготовките. „Имаше прашања кои требаше да ги поставам, а не ги поставив“, рече тој.

Не беше сам, тука беше и Суни Вилијамс

Причини и последици

Тој дал умерена поддршка на тврдењата на Илон Маск и Доналд Трамп дека продолжениот престој бил резултат на политички одлуки, но додаде дека има доверба во тие што се залагале за нивно враќање. Иако технички „заглавени“, Вилмор и Вилијамс одбиваат да се претстават како напуштени. Вилмор изјави дека ситуацијата не била идеална, но тие биле подготвени и обучени за тоа, и веднаш се приспособиле.

Причини и последици