No Image x 0.00 + POST No Image

Аспарагус: Кралот на зеленчукот во европските земји, но сѐ уште непознат за македонските трпези

SHARE
30

Аспарагусот е повеќенаменски зеленчук што совршено се вклопува со месо, риба, јајца, сирење, зеленчук и сосови. Зелениот аспарагус е идеален свеж или на скара, а белиот вид најчесто се маринира. Иако денес е достапен секому, сè уште ретко се среќава во македонските кујни, додека во Европа му се посветуваат и фестивали. Овој зеленчук содржи само 22 калории на 100 грама, без маснотии е, но е богат со витамини (A, C, E, B), калиум, фосфор, калциум, цинк, железо, магнезиум и бакар. Го подобрува метаболизмот, работата на бубрезите и црниот дроб, ги намалува отоците и позитивно влијае на хормоналниот баланс. Благодарение на аспарагинот, тој го поттикнува создавањето протеини и ја зајакнува структурата на телото.

Аспарагус: Кралот на зеленчукот во европските земји, но сѐ уште непознат за македонските трпези

Зошто се препорачува во секојдневната исхрана?

Аспарагусот е одличен избор за оние што внимаваат на исхраната – заситува, го подобрува варењето, ги исфрла токсините и задржува виталност. Најдобро е да се купува во пролет, а при избор обрнете внимание на цврстите стебла со затворени врвови и мазната површина. Чувајте го во влажна крпа во фрижидер најмногу два дена.

Зошто се препорачува во секојдневната исхрана?

Како да се приготви најдобро?

Најчеста грешка при подготовка е преварувањето. Варете го вертикално, со врвовите над водата, и додајте малку сол и масло. Гответе 10–20 минути и потоа изладете го. Предлог ецепт за лесна салата со аспарагус и рукола Сварете 5–7 стебла зелен аспарагус, изладете и исечете го. На чинија наредете рукола, домати, аспарагус и пармезан. Зачинете со маслиново масло и лимонов сок.

Како да се приготви најдобро?