Аристократ од 79 години нуди 60.000 евра годишно и брак, но бара млада жена што знае да пука и води два замока
Контроверзниот аристократ, сер Бенџамин Слејд, започна јавен повик за сопруга која мора да биде одлична балска танчерка и да знае да ракува со пушка. Сер Бенџамин (79) тврди дека идната леди Слејд мора да биде најмалку 20 години помлада од него – жени во шеесетите немаат шанси. За возврат, таа ќе добие годишна плата од 60.000 евра и ќе треба да менаџира неговиот имот од 520 хектари во Сомерсет, Англија.
In This Article:
- Барања: Да не биде Скорпија, да не користи дрога, да не е алкохоличар и да е од Северна Европа
- Идната сопруга мора да знае танц, да биде висока над 168 см, да не чита Guardian и да може да игра бриџ и бекамон
- Мора да има лиценца за пушка и возачка дозвола – лиценца за хеликоптер е плус
- Бара две машки деца – мотивот е традицијата и наследството да не пропаднат на даноци и правници
Барања: Да не биде Скорпија, да не користи дрога, да не е алкохоличар и да е од Северна Европа
Сер Бенџамин поставува јасни услови: идната сопруга не смее да биде Скорпија (господ знае колку се има изгорено од некоја Скоприја :) ), да користи дрога, да е алкохоличар и не смее да доаѓа од земји чие име почнува на „Е“ или чии знамиња содржат зелена боја. Тој истакнува: „Не ми пречат Канаѓани, Американци, Германци и Северноевропејци – тоа се, по мое, слични луѓе. Не мислам дека брак со Ескимка би бил добар избор. Мене ми треба обична девојка од село што ќе знае и ќе разбира работи.“
Идната сопруга мора да знае танц, да биде висока над 168 см, да не чита Guardian и да може да игра бриџ и бекамон
„Мора да биде балска танчерка, да е повисока од 168 сантиметри и да не чита Guardian. Исто така, треба да знае да игра бриџ, бекамон и да решава крстозбори. Таа треба да има добра кондиција, да може брзо да пешачи и да плива“, вели сер Бенџамин.
Мора да има лиценца за пушка и возачка дозвола – лиценца за хеликоптер е плус
Потенцијалната сопруга треба да има дозвола за носење пушка и возачка дозвола, а лиценца за управување со хеликоптер се смета како голем плус. Таа треба да може да менаџира два замока и да има познавање од имотен менаџмент, право или сметководство. За сето тоа ќе добие плата, стан, автомобил, покриени трошоци, храна и одмори.
Бара две машки деца – мотивот е традицијата и наследството да не пропаднат на даноци и правници
Иако веќе има ќерка по име Вајолет од Сахара Сандеј Спејн, сер Бенџамин изјавува: „Можам да имам два сина, три би било уште подобро, ама два сина ќе ја спасат ситуацијата. Жената секогаш е домаќинка – жените ја водат куќата. Луѓето мислат дека тоа е сексистички, но Џејн Остин рекла дека ако имаш голема куќа, треба и жена. Господарката раководи – таа има око за сè.“ Основната причина за разликата во години ја објаснува со: „Данокот на наследство е 40%. Единствен начин да ја задржам колекцијата и имотот е да ги оставам на сопругата без данок, која потоа може да ги пренесе на мои роѓаци.“