No Image x 0.00 + POST No Image

Археолозите во Египет открија гробница стара 3.600 години која му припаѓа на мистериозен крал воин

SHARE
1

Археолози неодамна открија гробница на непознат фараон на Гора Анубис, што може да понуди нови сознанија за слабо документираниот период од египетската историја. Водачот на експедицијата, Јозеф Вегнер, изјави дека вакви наоди се ретки и вредни, бидејќи датираат од периодот околу 1640–1540 година п.н.е. – време на немири и судири меѓу фараоните-војници. Гробницата стара околу 3600 години е откриена седум метри под пустинскиот песок во некрополата на Гора Анубис, дел од древниот град Абидос. Се верува дека таму владеела малку позната династија во времето на т.н. Вториот преоден период, кога повеќе кралства се бореле за надмоќ.

Археолозите во Египет открија гробница стара 3.600 години која му припаѓа на мистериозен крал воин

Златно време на Новото Царство

Иако името на фараонот не може да се прочита поради оштетувања од грабежи, гробницата е богато украсена со хиероглифи и фрески, што укажува на висока положба на покојниот. Во неа се пронајдени простории со сводести тавани и погребна комора од варовник, која можеби била причината за нејзиното ограбување. Вегнер, професор по египетска археологија на Универзитетот во Пенсилванија, истакна дека ова откритие може да помогне во разбирањето на периодот кој довел до златното време на Новото Царство. Тој претходно, во 2014 година, ја откри гробницата на фараонот Сенеб Кај, за кој се утврди дека загинал во битка.

Златно време на Новото Царство

Кои се двата потенцијални сопственици?

Сега, истражувачите претпоставуваат дека новооткриената гробница може да му припаѓа на еден од двајца владетели: Сенајбе или Паентжени. Тие се надеваат дека идентификацијата ќе биде возможна преку пронаоѓање канопи со запишано име на фараонот. Раскопувањата во внатрешноста на гробницата се завршени, но Вегнер планира да се врати на теренот летово за да продолжи со истражувања во околината, која изненадила со богатството на археолошки остатоци. Тој верува дека некрополата на Гора Анубис би можела да се спореди со славната Долина на Царевите.

Кои се двата потенцијални сопственици?

Motika#33130

SHARE
2
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#33140

SHARE
0
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#33147

SHARE
1
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#33142

SHARE
0
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#33177

SHARE
0
No Image
LOADING COMMENTS
more