No Image x 0.00 + POST No Image

Арбен Таравари: „Ви гарантирам дека секој Албанец ќе аплицира за албански пасош" ако Албанија влезе во ЕУ

SHARE
0

Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, во последното интервју зборуваше за демографскиот проблем на Македонија, за иселувањето, за бугарските пасоши и за тоа што би се случило ако Албанија влезе во Европската унија. Ги пренесуваме неговите зборови онакви какви што се.

Арбен Таравари: „Ви гарантирам дека секој Албанец ќе аплицира за албански пасош" ако Албанија влезе во ЕУ

„Во Македонија се останати еден милион и 500.000 резидентни луѓе“

Таравари почна со конкретни бројки за тоа колку луѓе, според него, всушност остануваат во земјата. „Во Македонија се останати еден милион и 500.000 резидентни луѓе. Толку има, можеби помалку од тоа", вели тој. „Во Македонија има 360.000 пензионери. Покачете пензии малку популистички, имате поддршка од 70-80% од нив. Администрација имате околу 150.000 луѓе. Значи речиси третина се административци и пензионери. Сигурно четвртина се деца до 18 години. Народот кој работи е останато, многу малку." „Ни бега народот. Ние сме веќе старечки дом, Македонија. Дали премиерот и владата и тие што раководат државата моментално размислуваат дека народот ни бега?"

„Во Македонија се останати еден милион и 500.000 резидентни луѓе“

„Не е убаво денеска 200.000 Македонци да имаат бугарски пасош“

Во разговорот, Таравари го постави прашањето директно: зошто луѓето масовно земаат странски пасоши? „Не е убаво денеска 200.000 Македонци да имаат бугарски пасош", вели тој. „Зошто земаат бугарски, грчки, албански пасоши луѓето? За да имаат европски пасош, за да циркулираат, да работат кај сакаат и кога сакаат да се враќаат."

„Не е убаво денеска 200.000 Македонци да имаат бугарски пасош“

„2028 најверојатно Албанија и Црна Гора ќе бидат полноправни членки на ЕУ“

Кога разговорот стигна до прашањето за Албанија и Европската унија, Таравари ја отвори дилемата што би значело тоа за Македонија. „Утре ако Албанија биде, еве денеска беше изјава дека 2028 најверојатно Албанија и Црна Гора ќе бидат полноправни членки на ЕУ. Ја ви гарантирам дека секој Албанец од тука ќе аплицира за албански пасош, нели? Што ќе остане во Македонија?" „Дали сме свесни дека припојувањето и полноправното членство во Европска унија е некаква надеж за луѓето да останат во државата? Не гледате, има сè повеќе песимизам, огромен песимизам." Таравари продолжи: „Дали е патриотизам ова што го правиме, ова што го прави владата? Јас секогаш сум кажал Македонците нека се разберат едни со други. СДСМ и ВМРО, за нас, за сите албански партии, без исклучок, сите сме тука да им помогнеме и да ги поддржиме кога ќе одлучат да го направат потегот за да започнеме со преговори."

„2028 најверојатно Албанија и Црна Гора ќе бидат полноправни членки на ЕУ“

„Да не ни се случи Букурешт 2008 година“

Таравари откри дека стравот соседите да влезат во ЕУ пред Македонија го носи уште од Букурешкиот самит. „Во 2024 година бев претседателски кандидат и освоив 83.000 гласови. Во секој настап кога ме прашуваа за европскиот пат на Македонија, велев се плашам само од нешто, да не ни се случи Букурешт 2008 година." На тој самит, Хрватска и Албанија влегоа во НАТО, а Македонија остана надвор. „Ни требаа 10 години со камата да се плати. Сега сме во истото оро. Ќе ни отидат соседите, Албанија и Црна Гора ќе бидат полноправни членки. Во Македонија остануваат еден милион и 500.000 резидентни луѓе."

„Да не ни се случи Букурешт 2008 година“

„Не може министерот за здравство да знае подобро од градоначалникот на Битола“

Покрај темите за иселувањето и европскиот пат, Таравари предложи и конкретна политичка идеја за реорганизација на државата. „Македонија нека земе најдобро од она што функционирало во Југославија, најдобар развој на државата има по уставот од 1974 година. Во тие општини се избираше шеф на полиција, се избираше претседател на судот, се избираше директор на болница. Пари што се собираа од граѓаните одеа во републичката власт. Зошто да не направиме добра фискална децентрализација?" „Не може министерот за здравство да знае подобро од градоначалникот на Битола што треба во болницата во Битола. Градоначалникот знае. Дај им на советите на општините." Таравари нагласи дека ова не е федерализација: „Не ги делиме територите, пуштаме одредени општини да бидат како развојни региони. Фискална децентрализација е еден од главните столбови на Охридскиот договор. Кај сме, до никаде."

„Не може министерот за здравство да знае подобро од градоначалникот на Битола“

-->