No Image x 0.00 + POST No Image

Американец уапсен по „идиотскиот“ обид за контакт со најизолираното племе во светот - им оставил подарок, да пробаат „Кока-кола“

SHARE
9

Американскиот турист Михајло Викторович Пoљаков (24) е уапсен во Индија поради нелегално пристигнување на заштитената Северна Сентинелска Островска Резерва, дом на едно од најизолираните и најнедопрени племиња во светот – Сентинелците. Полицијата соопшти дека Пoљаков стигнал во главниот град на Андаманските и Никобарските Острови, Порт Блер, на 26 март и три дена подоцна самостојно отпловил до Северен Сентинел преку импровизирано пловило. По пристигнувањето, тој со двоглед барал знаци на живот, свирел со свирче и накратко се симнал на брегот каде што оставил лименка Кока-Кола и кокос како „подароци“ за племето.

Американец уапсен по „идиотскиот“ обид за контакт со најизолираното племе во светот - им оставил подарок, да пробаат „Кока-кола“

Тој го загрозил и својот и животот на припадниците од племето

Племето Сентинелци, чии припадници се проценува дека се околу 150, се познати по својот остар отпор кон надворешниот свет и се целосно изолирани од современата цивилизација веќе илјадници години. Секој обид за контакт досега завршил со агресија, па дури и смрт на натрапниците. Стручњаци велат дека Пoљаков не само што го загрозил сопствениот живот, туку и ги довел во опасност животите на племето, кое нема имунитет на болести како грип или мали сипаници. Тие предупредуваат дека дури и едноставен контакт може да предизвика катастрофална епидемија кај племето.

Тој го загрозил и својот и животот на припадниците од племето

Темелно испланирано патување

Полицијата тврди дека патувањето било темелно испланирано: туристот ја следел состојбата на морето, плимата и потенцијалните пристапни точки. По враќањето на брегот, бил забележан од рибари кои го пријавиле во полиција. Уапсен е, а пловилото, моторот и GoPro камерата му се конфискувани.

Темелно испланирано патување