No Image x 0.00 + POST No Image

Алпинист падна од карпите во Демир Капија, па армиските специјалци среде обука изведоа филмска спасувачка акција

SHARE
0

Припадниците на Баталјонот за специјални сили успешно реализираа исклучително сложена и ризична спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. Она што почнало како редовна напредна обука, за неколку моменти се претворило во вистинска борба за човечки живот.

Алпинист падна од карпите во Демир Капија, па армиските специјалци среде обука изведоа филмска спасувачка акција

Несреќата се случила додека специјалците вежбале планински операции и совладување вертикални препреки

Армиските специјалци биле веднаш алармирани за несреќа во нивна непосредна близина. Цивилно лице, алпинист, при искачување по карпите изгубило рамнотежа и паднало во длабок и исклучително стрмен кањонски предел. Падот завршил со тешки телесни повреди, а теренот на кој се наоѓал повредениот бил тежок за пристап и опасен за движење.

Несреќата се случила додека специјалците вежбале планински операции и совладување вертикални препреки

Со алпинистичка опрема, јажиња и носилки го извлекле од карпестата бездна и го пренеле преку реката

Веднаш по добивањето на повикот за помош, специјалците без двоумење ја прекинале вежбата и тргнале во вистинска акција. На повредениот алпинист му била укажана итна медицинска прва помош на самото место на падот. Потоа, со употреба на специјализирана алпинистичка опрема, јажиња и носилки, бил безбедно извлечен и пренесен до најблиската пристапна патна точка. Оттаму бил веднаш предаден на екипите на Итната медицинска помош за натамошно згрижување и болничко лекување. Оваа брза интервенција на дело ја потврди обученоста, професионализмот и храброста на припадниците на македонските специјални сили во најсложени и животно загрозувачки услови.

Со алпинистичка опрема, јажиња и носилки го извлекле од карпестата бездна и го пренеле преку реката

-->