No Image x 0.00 + POST No Image

МВР ги предупредува родителите за морничава онлајн секта „764“ - Садистички култ кој со уцени ги принудува децата на самоповредување

SHARE
25

Министерството за внатрешни работи упати итен апел и сериозно предупредување до родителите, старателите, наставниците и целата јавност да обрнат посебно внимание на опасната појава позната како „764“. Станува збор за насилна онлајн мрежа што директно таргетира деца, малолетници и ранливи лица, користејќи лажни пријателства, психолошки манипулации и директни закани за да ги принуди на самоповредување и други опасни постапки. Меѓународните безбедносни агенции оваа мрежа ја поврзуваат со дигитална сексуална експлоатација на деца, уцени и ширење екстремно насилни содржини.

МВР ги предупредува родителите за морничава онлајн секта „764“ - Садистички култ кој со уцени ги принудува децата на самоповредување

ФБИ и Европол предупредуваат дека контактот почнува на социјални мрежи, гејминг платформи и апликации

Предупредувањата објавени од американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Европол покажуваат дека станува збор за широк глобален феномен. Членовите воопшто не мора да се познаваат во реалниот свет: првичниот контакт, регрутирањето и последователното уценување се одвиваат целосно во дигиталниот простор. Во меѓународните медиуми групата „764“ често се опишува како сатанистички и неонацистички интернет култ. Сепак, полициските истраги покажуваат дека главниот двигател е длабок мизантропски поглед на светот и чисти садистички склоности на нејзините членови. Самата групна динамика игра клучна улога во понатамошната радикализација на младите. Членовите на „764“ користат одредени окултни симболи, но првенствено се водени од садизам и желба за понижување на другите.

ФБИ и Европол предупредуваат дека контактот почнува на социјални мрежи, гејминг платформи и апликации

Бредли Кејденхед имал 15 години кога ја основал „764“ и доби 80 години затвор

Основачот на оваа мрежа, Бредли Кејденхед, во 2023 година беше осуден на драконска казна во САД, откако беше прогласен за виновен за кривични дела поврзани со организирана сексуална изнуда преку интернет. Министерството за правда на САД ја оквалификува „764“ како терористичка мрежа, додека Канада и Нов Зеланд официjално ја класифицираат како терористичка група. Групата била основана во 2021 година. Кејденхед го напуштил училиштето, го користел прекарот „Феликс“ и на сервери на платформата Дискорд научил техники за сексуална уцена врз малолетници. Тој ги уценувал жртвите со интимни материјали или им се заканувал со испраќање вооружена специјална полиција на нивната домашна адреса преку лажни дојави, таканаречено сватинг. Ги принудувал малолетниците да се самоповредуваат, да вршат суровост врз домашни миленици и да создаваат недозволени содржини. Денес тој ја издржува својата 80-годишна затворска казна во Хантсвил, Тексас.

Бредли Кејденхед имал 15 години кога ја основал „764“ и доби 80 години затвор

По апсењето, мрежата продолжила како независни ќелии што постоjано менуваат имиња

Според анализата на Институтот за стратешки дијалог (ISD), „764“ дејствува како флексибилна и променлива мрежа од независни ќелии и ограноци што постојано ги менуваат имињата и каналите за комуникација. Сторителот најчесто стапува во контакт со детето глумејќи врсник или пријател што покажува разбирање. Потоа стекнува доверба и ги дознава семејните слабости на жртвата. Штом воспостави контрола, преминува на барање компромитирачки материјали и започнува со сурова уцена.

По апсењето, мрежата продолжила како независни ќелии што постоjано менуваат имиња

Во случајот „Trippy“ се докажани најмалку осум малолетни жртви на возраст од 13 години

Еден од клучните документирани судски процеси е случајот против Прасан Непал, познат како „Trippy“, за кого американското Министерство за правда објави дека признал вина за заговор за сексуална експлоатација на деца. Тој имал водечка улога во јадрото „764 Inferno“ заедно со соработникот Леонидас Варагијанис, познат како „War“. Двајцата користеле шифрирани платформи за координација на нападите врз деца во повеќе земји. На Непал му се заканува затворска казна до 30 години.

Во случајот „Trippy“ се докажани најмалку осум малолетни жртви на возраст од 13 години

Словенечката полиција со ФБИ веќе идентификувала жртви и потенцијални сторители во регионот

Опасноста повеќе не е само прекуокеанска тема. Во официјалниот годишен извештај на полициската управа во Љубљана е наведено дека словенечката полиција во соработка со ФБИ веќе идентификувала жртви и потенцијални сторители поврзани со групата „764“ на територијата на Словенија. Истрагата потврдила уценување малолетници со снимки и принудување на самоповредување, што е јасен доказ дека мрежата е активна и во непосредниот регион. За Македонија, МВР преку својот апел алармира за превенција и препознавање на овој модел на дигитално насилство, повикувајќи ги семејствата да бидат крајно внимателни.

Словенечката полиција со ФБИ веќе идентификувала жртви и потенцијални сторители во регионот

Стравот од осуда и срамот се главното оружје со кое предаторите ги држат децата во тишина

Европол и ФБИ препорачуваат родителите и наставниците да обрнат внимание на предупредувачките знаци кај децата. Стручњаците апелираат родителите во никој случај да не го посрамотуваат или казнуваат детето доколку тоа признае дека било жртва на уцена. Токму стравот од осуда и срамот се главното оружје со кое овие предатори ги држат жртвите во потчинетост. Наместо конфликт, потребна е смирена поддршка, зачувување на сите дигитални пораки и докази, и итно пријавување на случајот во надлежните полициски служби.

Стравот од осуда и срамот се главното оружје со кое предаторите ги држат децата во тишина

-->