7 милијардери за кои никогаш не би погодиле дека се меѓу најбогатите луѓе на светот
Кога ги замислуваме најбогатите луѓе во светот, обично пред очи ни се појавуваат луксузна облека, дотерани фризури и бренд аксесоари. Но, што ако ви кажеме дека некои од највлијателните и најбогати луѓе изгледаат како вашите соседи – скромни, незабележителни и секојдневни? Ова е приказната за седум милијардери чии изгледи секојдневно ги збунуваат луѓето, бидејќи никако не личат на ликови што ги гледаме на црвен килим.
In This Article:
Виталик Бутерин
Виталик Бутерин е, веројатно, најнетипичниот иден милијардер. Со своите 30 години тој изгледа како студент што брза на предавање, а не како човек со над 830 милиони долари. Основач е на Ethereum – втората највредна криптовалута во светот. Роден е во Русија, а уште како дете се сели со семејството во Канада. Иако (засега) не е во милијардерскиот клуб, неговите крипто-ресурси ветуваат дека многу бргу ќе го стане и официјално милијардер.
Франсоаз Бетанкур Мејерс
Франсоаз Бетанкур Мејерс до неодамна беше најбогатата жена на светот (сега е на второ место) со богатство вредно речиси 82 милијарди долари, а на изглед – далеку од типична милијардерка. Внука е на основачот на L’Oreal и не се обидува да ја продолжи младоста со скапи пластични интервенции. И покрај тоа, нејзиниот француски стил и харизма се препознатливи. Оваа година, по повеќе од две децении, го напушта бордот на директори и оди во пензија.
Фил Најт
Фил Најт, основачот на Nike и 49-ти најбогат човек на светот, избегнува скапи одела и луксуз. Најчесто го гледаме во обични алишта и секако во патики од неговиот бренд. Поранешен спортист, со својот тренер ја основа компанијата за да обезбеди квалитетни и достапни обувки за спортисти и за секојдневниот човек. Најт успеа да ја претвори Nike во една од најмоќните корпорации со најпрепознатливо лого во светот.
Џина Рајнхарт
Најбогатата жена во Австралија, Џина Рајнхарт, не се грижи за имиџот. Нејзиното богатство е околу 30 милијарди долари. Уште како девојче работела во рударството, учејќи од својот татко и работниците. На само 10 години веќе учествува на состаноци на одборот, а потоа ја презема компанијата по смртта на татко ѝ и ја извлекува од криза, зголемувајќи го семејното богатство повеќе од 100 пати. Денес таа е позната и по својот остар став кон екологистите.
Џек Ма
Иако неговото богатство значително се намали по судири со кинеската власт, Џек Ма останува еден од најбогатите луѓе во Кина со околу 28 милијарди долари. На 60 години уште изгледа како младич. Ма воведе ригорозен работен режим 996 (од 9 до 21 часот, 6 дена во неделата) за своите работници, што помогна технолошката економија на Кина да се развие, иако често се обвинува за експлоатација на вработените, особено во ИТ секторот.
Макензи Скот
Бившата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, секогаш сакала едноставна облека, а по разводот уште помалку изгледа како милијардерка. По разводот доби 4% од акциите во Amazon и денес има 28 милијарди долари. Позната е по својата великодушност – донираше 17 милијарди долари на 2300 невладини организации и потпиша договор дека најмалку половина од своето богатство ќе го донира во добротворни цели.
Џејмс Дајсон
Џејмс Дајсон изгледа како мил и едноставен наставник по физика, а не како човек со 14 милијарди долари. Неговиот изум, фенот на секоја девојка, и неговите иновации во доменот на домашна технологија го направија светски познат. Неговите компании вработуваат над 5000 луѓе ширум светот, а Дајсон е меѓу ретките живи добитници на Орденот на Британската империја.