No Image x 0.00 + POST No Image

7 евтини и кич детали во уредувањето на домот што богатите никогаш не ги прават

SHARE
18

Нека ѕидовите зборуваат за вашиот стил — и статус. Без разлика како ќе го свртите, домот секогаш ја одразува личноста на оној што живее во него. Иако не мора да бидете богати за да имате беспрекорно уреден простор, постојат некои визуелни „гревови“ што можат да направат дури и најубавиот дом да изгледа евтино. Во текст за Business Insider, внатрешната дизајнерка и креаторка на содржини Бри Макдоналд откри неколку совети како да избегнете уредувачки решенија што го прават вашиот простор поевтин. Од трендовски заоблен мебел до вештачки растенија, погледнете кои дизајнерски грешки оставаат впечаток на лош вкус и недостаток на стил.

7 евтини и кич детали во уредувањето на домот што богатите никогаш не ги прават

1. Нискоквалитетна галантерија (славини, рачки)

Ако рачките на шкафчињата, кваките или славините се евтини, несовпаѓачки или премногу „стандардни“, време е за промена. Ова е релативно лесна поправка – заменете ги со поквалитетни материјали како полиран никел или месинг, или со нешто поуникатно како стакло, мермер или резбани елементи. Малата промена може значително да го подобри впечатокот.

1. Нискоквалитетна галантерија (славини, рачки)

2. Видливи жици и кабли

Во дигитално време полно со уреди, менаџирањето на каблите е клучно за уреден и естетски пријатен дом. Кога е можно, скријте ги каблите зад мебелот, под теписи или во декоративни кутии и корпи. Ако поставувате нов уред, размислете за вградување на каблите во ѕидовите. Ако тоа не е опција, користете организатори што се прицврстуваат за ѕид или лајсна – и тие ќе помогнат.

2. Видливи жици и кабли

3. Евтини и генерички завеси

Тенки, масовно произведени завеси оставаат впечаток на сиромашен и незавршен простор. Инвестирајте во завеси со точна должина и ширина, со квалитетна текстура и нијанса. Комбинирајте потешки завеси со транспарентни слоеви одоздола за елегантен, луксузен изглед.

3. Евтини и генерички завеси

4. Претерано трендовски елементи

Трендовите не се само за модата – и во ентериерот има „минувачки хирови“: шарени тавани, преинтензивни бои или преполнет максимализам. Ако целите кон елегантен и безвременски дом, избегнувајте ги овие краткотрајни трендови. Наместо тоа, изберете класици како дрво и мермер. Ако сакате да следите трендови, нека биде во мали, лесно заменливи детали.

4. Претерано трендовски елементи

5. Неред

Избегнувајте премногу ситници, украси и случајни предмети во видливи и прометни делови од домот – како дневната, кујната и ходникот. Масичките за кафе, полиците и површините треба да изгледаат намерно и внимателно уредени. Помалку е повеќе – нека просторот дише и изгледа внимателно стилизиран.

5. Неред

6. Вештачки растенија

Евтини, пластични растенија прават просторот да изгледа вештачки и неинспиративно. Ако не сакате вистински, инвестирајте барем во поквалитетни вештачки. Или пак, пробајте со лесни за одржување растенија – како сансеверија (snake plant), фикус или мали палми – тие внесуваат живот и боја.

6. Вештачки растенија

7. Масовно произведена ѕидна уметност

Постери и од уметнички копии од продавници за евтина стока се во ред за студентски соби – но не и за дом кој сакате да изгледа елегантно. Наместо тоа, одберете лични фотографии, уметност од локални автори или печатени слики со лична вредност. Овие детали даваат карактер и уникатност – нешто што секогаш се цени во домови со стил.

7. Масовно произведена ѕидна уметност