68-годишна баба од Кина руши стереотипи со скејтборд– инспирација за нова животна енергија во староста
Баба Лиу од источна Кина стана интернет сензација благодарение на нејзините грациозни и енергични вештини на скејтбордот, добивајќи го топлиот прекар „Девојката што го брка ветрот“ од корисниците низ целата земја.
Нова страст на 68 години
Баба Лиу, родум од провинцијата Шандонг, а сега жителка на Ченгду во провинцијата Сечуан, ја открила својата љубов кон скејтбордингот во февруари 2022 година. Додека ја придружувала ќерката Донг да избере скејтборд, Лиу од моментот кога пробала – ја обзела страста за спортот. „Не можам да седам мирна, а повеќето мои пријатели се многу помлади. Еден ден, пријателка на ќерка ми ми предложи да ми избере скејтборд. Ќерка ми ми рече: „Мамо, сакам да ти покажам нешто ново“. Јас одговорив: „Секако!“ Веднаш штом го видов, си помислив дека изгледа навистина забавно. Пробав еднаш и не паднав. Потоа ќерка ми ме охрабри да научам“– раскажува Лиу за China Youth Daily.
Виралната „Девојка што го брка ветрот“ мотивира илјадници постари луѓе секојдневно
Приказната за Баба Лиу, која ја надминува староста преку движење, се шири низ цела Кина, инспирирајќи ги и младите и повозрасните дека никогаш не е доцна за нови предизвици и среќа.