No Image x 0.00 + POST No Image

Мицкоски: После долго време има повеќе барања за враќање отколку за откажување од македонско државјанство

SHARE
25

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за првпат по подолг период има повеќе барања за враќање на македонското државјанство отколку барања за негово откажување. Според податоците што ги соопшти, од почетокот на 2026 година се гледа промена што, како што оцени, може да биде показател за нов тренд, иако без извлекување конечни заклучоци. Мицкоски додаде дека економските показатели се подобруваат и дека државата има значителен човечки потенцијал, и покрај, како што рече, негативни наративи и дефетизам.

Мицкоски: После долго време има повеќе барања за враќање отколку за откажување од македонско државјанство

Со македонски пасош без виза се патува во 129 земји, а Македонија е пред Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово

Во декемвриското ажурирање на индексот на пасоши Хенли, Македонија се најде на 41-то место меѓу најсилните пасоши во светот. На истата позиција се и Самоа и Тонга. Во регионален контекст, пред Македонија се Грција на 5-то место, Словенија на 6-то, Хрватска на 7-мо, Бугарија на 12-то и Србија на 35-то место. Зад Македонија се Црна Гора на 42-ро место, Босна и Херцеговина на 45-то, Албанија на 46-то и Косово на 61-во место. Во октомври македонскиот пасош беше на 42-то место во светот. Лани, според истиот индекс, Македонија беше на 45-то место.

Со македонски пасош без виза се патува во 129 земји, а Македонија е пред Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово

Сингапур отвора 193 дестинации, а 21 европска земја стои меѓу четвртото и шестото место

Сингапур и натаму го има најсилниот пасош во светот, со пристап без претходно добивање виза до 193 земји. Овој континуитет не е резултат на еднократни политички одлуки, туку на долгорочна стратегија насочена кон трговијата, дипломатијата и меѓународната отвореност, што се рефлектира во индексот низ годините. Јужна Кореја и Јапонија, кои се на втората и третата позиција, одржуваат многу високи места благодарение на стабилните билатерални односи и силните регионални и глобални врски. Европските земји продолжуваат да го формираат врвот на рангирањето, што потврдува дека ЕУ сè уште функционира како еден од најсилните блокови на слободата на движење во светот. Листата е базирана на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, IATA. Пасошите се рангираат според бројот на дестинации што нивните носители можат да ги посетат без виза. Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување. Сите податоци дополнително ги проверува и ажурира Хенли и Партнерс со својот истражувачки тим. На секоја дестинација се доделува еден поен ако пристапот е без виза или ако визата може да се добие по пристигнувањето. Вкупниот број на поени го одредува рангирањето, без субјективни фактори како што се економијата или безбедноста. Податоците од индексот на пасоши Хенли, според основачите, ги користат владите и дипломатијата за следење на надворешните односи и договорите за патување, организациите за проценка на туризмот и меѓународната мобилност, медиумите и аналитичарите за илустрација на глобалните трендови во поврзаноста на земјите. Ги користат и патниците и деловните луѓе кои планираат меѓународни движења, како и инвеститорите и консултантите. Индексот Хенли е најчесто цитираниот глобален стандард за мерење на јачината на пасошите. Авторите на листата нагласуваат дека не мерат стандарди, плати или квалитет на живот, туку само слобода на движење. Силата на пасошот покажува колку е поврзана една земја со светот и колку другите земји и веруваат.

Сингапур отвора 193 дестинации, а 21 европска земја стои меѓу четвртото и шестото место

-->