Контроверзниот тренд на пиење „сок од стапала“ се шири во Кина. Една пластична чаша „сок“ чини 400 денари
Во мај пишувавме за женски косплеј модели на годинашниот Фаниме Кон во Сан Хозе, кои ги натопувале стапалата во кофи со овошен сок и лимонада, а потоа им го продавале пијалакот на жедни млади мажи, со намерна игра на зборови. На почетокот на овој месец, слични сцени биле пријавени и на косплеј конвенција во Гуангжу, Кина.
In This Article:
- Од 17 до 20 јули најбарани биле лимоновата вода за стапала и колата за стапала
- Пластични садови со лимонада и кола станаа сцена за кинеските социјални мрежи
- Млади мажи црпеле директно од садовите додека толпата навивала
- Некои ги држеле стапалата за течноста да им капе право во уста
- Организаторите ги исфрлиле косплејерките и најавиле забрана за „вулгарни штандови“
Од 17 до 20 јули најбарани биле лимоновата вода за стапала и колата за стапала
Главната атракција на годинашниот „Фајрфлај Комик Кон“, одржан во Гуангжу, Кина, биле водата за стапала со вкус на лимон и водата за стапала со кола, продавани од повеќе косплејерки надвор од салата. По цена од 50 јуани, односно 7,50 долари, за пластична чаша, одвратната мешавина не можела да ја задоволи побарувачката, бидејки десетици жедни мажи чекале во ред за да ја пробаат.
Пластични садови со лимонада и кола станаа сцена за кинеските социјални мрежи
Фотографии и видеа со косплејерки кои ги натопуваат стапалата во пластични садови наполнети со лимонада и кола, поставени надвор од изложбената сала, се шират низ кинеските социјални мрежи последниве неколку недели. На нив се гледа и како девоjките држат натписи за да привлечат луѓе заинтересирани да купат „сок од стапала“.
Млади мажи црпеле директно од садовите додека толпата навивала
Според извештаите, кинеската верзија била инспирирана од трендот „сок од стапала“, кој се појави на Фаниме Кон во Сан Хозе претходно оваа година. И во Кина се покажала исто толку популарна меѓу младите мажи: видеата покажуваат како тие го црпат пијалакот во кој биле натопени стапала директно од садовите и го пијат, додека група набљудувачи ги поздравува со овации.
Некои ги држеле стапалата за течноста да им капе право во уста
Дел од видеата прикажуваат жедни посетители како ги подигаат стапалата на косплејерките за „сокот од стапала“ да им капе директно во уста, а во некои сцени дури ја лижат течноста право од нивните стапала. Вознемирувачките кадри предизвикаа шок во кинеското општество, при што многумина го осудија ова како нарушување на кинеските вредности.
Организаторите ги исфрлиле косплејерките и најавиле забрана за „вулгарни штандови“
Како одговор на јавната реакција, организаторите на Фајрфлај Комик Кон соопштиле дека косплејерките кои учествувале биле отстранети од просторот и дека такви вулгарни штандови во иднина изречно нема да смеат повторно да се појават. Судејки според популарноста на „производот“ и вниманието што трендот „сок од стапала“ продолжува да го привлекува, нашата проценка е дека ке гледаме уште вакви сцени во иднина.