No Image x 0.00 + POST No Image

5 несовесни мажи коишто умреле поради сопствената глупост

SHARE
21

Природната селекција не познава милост – некои луѓе повторно и повторно го пречекоруваат ризикот, заборавајќи ги здравиот разум и општите правила за безбедност. Ви ги претставуваме приказните на пет мажи, чијашто глупост ги чинеше животот. Овие случаи не се само трагични, туку и поучни – затоа што ризикот има граници, по кои следи катастрофа...

5 несовесни мажи коишто умреле поради сопствената глупост

Лучиано Ре Чекони - Фудбалерот што сакаше да биде крадец

Лучано Ре Чекони, италијански фудбалер на Лацио, на 18 јануари 1977 година сакаше наводно да се пошегува со локален златар. Заедно со пријателите, упаднале во дуќанот и викнале: „Сите раце горе, ова е грабеж!“ Но, златарот, којшто веќе двапати бил ограбен, извадил пиштол и пукал – убивајќи го фудбалерот. Ре Чекони сметал дека е препознатлив, но златарот не го познал. Судот го ослободи златарот, бидејќи делувал во самоодбрана.

Лучиано Ре Чекони - Фудбалерот што сакаше да биде крадец

Ајвен Макгуар - Падобранецот што го заборави најважното

Ајвен Макгуaр, искусен американски падобранецот и инструктор, на 2 април 1988 година падна од 3.000 метри висина – без падобран! Толку се фокусирал на снимањето на учениците при нивните скокови, што заборавил да го носи сопствениот – а било предоцна кога сфатил. Оваа траги-комична невнимателност завршила кобно за човекот што имаше илјадници скокови зад себе.

Ајвен Макгуар - Падобранецот што го заборави најважното

Ерик Барсија и врвките што сам си ги направил

22-годишниот Ерик Барсија, вработен во угостителство, на 12 јули 1997 решил да скока од мост висок 21 метар. Но, наместо професионално „банџи“, употребил неколку обични еластични врвки – какви што ги користат за на велосипед. Не пресметал дека тие се растегнуваат, иако „правилно“ го измерил оддалечувањето. Последицата беше – смрт при директен удар во земјата. Понекогаш, економичноста има кобна цена.

Ерик Барсија и врвките што сам си ги направил

Тимоти Тредвел - Пријателот на мечките што стана нивна жртва

Тимоти Тредвелл, самопрогласен „пријател на мечки“, секоја година кампуваше во Националниот парк Катмај на Аљаска, убеден дека мечките се мирољубиви. Им ставаше имиња: Мистер Чоколада, Мисис Добра Мечка, Бадлс… Но, на 5 октомври 2003, и самиот и неговата девојка беа убиени, па дури и изедени, од мечка. Природата секогаш ги има последните зборови со оние што ја потценуваат.

Тимоти Тредвел - Пријателот на мечките што стана нивна жртва

Антиваксерот станува трагичен симбол на сопствената кампања – водителот Фил Валентајн го губи животот од Ковид!

Фил Валентајн, американски радио-водител, гласно се противеше на вакцинацијата против Ковид-19 и дури ја исмејуваше со песната „Vaxman“. Откако одби вакцинација, 61-годишниот Валентајн заболува од коронавирус и умира на 21 август 2021. Тој стана дел од долгиот список антиваксери што ги изгубија животите токму поради тоа во што веруваа. Никој не може да се принудува да се вакцинира, но тешко се чувствува сочувство за човек кој доброволно си го загрозува животот.

Антиваксерот станува трагичен симбол на сопствената кампања – водителот Фил Валентајн го губи животот од Ковид!