No Image x 0.00 + POST No Image

5 едноставни совети како да имаш одличен ден на работа, според психолог

SHARE
20

Сите знаеме како изгледа тежок работен ден – изморува, исцрпува и создава напнатост која не можеме лесно да ја исклучиме. Но постојат и денови кога работата изгледа полесна и ни дава повеќе енергија. Овие убави денови не се секогаш резултат на големи победи или значајни достигнувања. Најчесто тие доаѓаат од хармонични искуства на работното место кои ги поддржуваат нашите психолошки потреби. Истражување кое го спроведов заедно со колеги покажа дека кога луѓето се чувствуваат поддржани од околината, се исполнуваат три суштински потреби: чувство на автономија, компетентност и поврзаност.

5 едноставни совети како да имаш одличен ден на работа, според психолог

Денот станува подобар кога колективот нуди поддршка и поврзаност

Поддршката не мора да биде формална или долга. Доволен е краток разговор, брзо прашање или понуда за совет за да се промени целото расположение. Овие мали интеракции се најважните врски што влијаат врз расположението и мотивацијата во текот на денот. Поддршката најдобро делува кога е двонасочна, па затоа најдете можност и да побарате, но и да понудите помош.

Денот станува подобар кога колективот нуди поддршка и поврзаност

Забележете ги малите победи – тие го носат чувството на компетентност

Чувството дека сме ефикасни е еден од најсилните двигатели на благосостојбата. Одвојте момент за да ги забележите и најмалите работи кои сте ги постигнале – можеби сте напредувале со некоја задача или конечно сте завршиле нешто што долго сте го одложувале. Препознавањето на овие мали победи гради чувство на компетентност што го носите со себе и вон работата.

Забележете ги малите победи – тие го носат чувството на компетентност

Оставете простор за слобода при извршување задачи – автономијата го подобрува денот

Слободата сам да изберете како да работите е клучна за доброто чувство преку денот. Дозволете си мала автономија во завршувањето на задачите и обидете се тоа да го овозможите и на вашите колеги. Довербата кон другите ја зајакнува меѓусебната врска, а на себе си можете да си помогнете со тоа што ќе си дадете повеќе простор за концентрација и мотивација.

Оставете простор за слобода при извршување задачи – автономијата го подобрува денот

Вистинската врска – вистинско подобрување на денот, дури и со едноставна благодарност или муабет

Кратки моменти на вистинска поврзаност можат да го сменат целиот ден. Едно просто „фала“, порака со признание или краток разговор со колега може да го подобри расположението повеќе од очекуваното. Вклучете некого со благодарност или пофалба пред крајот на денот за да заминете од работа полесни и полни со енергија. Градењето позитивни односи не само што прави да се чувствуваме убаво, туку создава и мрежа на поддршка која е секогаш со нас.

Вистинската врска – вистинско подобрување на денот, дури и со едноставна благодарност или муабет

Рамнотежата е поважна отколку да се максимизира една потреба – препознајте што ви недостига и поправете го тоа

Понекогаш сме исцрпени бидејќи една од нашите основни потреби не е задоволена – можеби немаме доволно слобода во работата, немаме напредок или ни недостига човечка врска. Враќањето на рамнотежата е најважно. Првиот чекор е да препознаете што е ниско, а вториот да направите нешто, па макар и најмало, за да подобрите. Изберете самостојно кој ќе биде следниот чекор ако ви треба повеќе автономија, завршете некоја мала задача за чувство на напредок или јавете се на колега ако почувствувате осаменост. Поттикнувајќи ги и другите да направат истото, ја градите културата на поддршка и рамнотежа во тимот.

Рамнотежата е поважна отколку да се максимизира една потреба – препознајте што ви недостига и поправете го тоа

Малите моменти носат најголемо влијание – со заедничка поддршка до повеќе убави работни денови

Главната порака од нашето истражување е едноставна: за добар работен ден не се потребни големи промени или совршени услови. Откриено е дека најдобро се чувствуваме кога има ситни, секојдневни моменти на поддршка, кои ни овозможуваат да сме слободни, способни и поврзани. Кога овие потреби се во рамнотежа, се чувствуваме подобро во текот на целиот работен ден и имаме повеќе енергија и дома. Работата секогаш ќе има тешки моменти, но ние имаме повеќе влијание врз нашето секојдневие отколку што мислиме. Со внимание на малите моменти и поддршка меѓу колегите, правиме повеќе денови во кои сме исполнети и одморени.

Малите моменти носат најголемо влијание – со заедничка поддршка до повеќе убави работни денови