No Image x 0.00 + POST No Image

ТОП 5 Аниме кои мора да ги погледнете барем еднаш во животот

SHARE
0

Анимето е повеќе од цртана серија – тоа е културна појава што ги спојува уметноста, емоциите и фантазијата. Од скромни почетоци инспирирани од Дизни, јапонската анимација стана сопствен универзум што го освојува светот. Денес ви носиме 5 аниме што МОРА да ги гледате – и тоа не е само потценет избор, туку лично гарантираме за нивниот квалитет, шарм и длабочина.

ТОП 5 Аниме кои мора да ги погледнете барем еднаш во животот

5. „Rosario+Vampir“

Го запознаваме Цукуне Ауне, тинејџер кој по случајност завршува во колеџ за демони. Неговите лоши оценки речиси го спречуваат да се запише на факултет, но татко му наоѓа необично решение. Сега, Цукуне учи во кругови каде што секој ученик крие темна страна – дали ќе може да преживее во свет на вистински чудовишта? Најверојатно не му е лесно, но токму тука почнува вистинската авантура.

5. „Rosario+Vampir“

4. „Devil Survivor“

Кузе Хибики и Шиџима Даичи– двајца другари, обичен неделен ден, кафе и муабет за иднината. Но, еден интернет сајт што пресметува датум на смрт врз основа на милисекунди ја менува целата нивна реалност. Патувањето со метро станува хорор кога примаат пораки „Смртта на другарот“ и гледаат шокантни видеа. Не знаат дека светот е при крај и имаат само 7 дена да го спасат, а нивното оружје се софтверите за повикување демони – директно од загадочниот сајт!

4. „Devil Survivor“

3. „Guilty crown“

Метеорит паѓа на Земјата, од него излегува вирус што носи смрт. Група богати и корумпирани луѓе се обидуваат да го преземат светот и да станат богови, убивајќи милиони недолжни. Шу – обичен ученик, и Инори – девојка создадена во лабораторија, а не со човечко раѓање, се во фокусот на ова епско аниме. Инори е пејачка со голем успех низ интернет, но и уметнички борец со опасни сили. Тие двајца мораат да се соочат со моќта и катастрофата што ја разделува човештвото.

3. „Guilty crown“

2. „Date A Live“

Шидо Ицука е обичен средношколец до моментот кога во центарот на експлозија сретнува мистериозна девојка – Дух, чие пристигнување предизвикува смртоносни избувнувања на Земја. Како што се вклучува во борбата, дознава за улогата на својата сестра Котори и тајната организација зад „Духовите“. Ова е најемотивното аниме на листата – ако не ви се насолзиле очите додека ја гледате оваа прелестна приказна, тогаш навистина немате срце!

2. „Date A Live“

1. „Kobato“

„Кобато“ е трогателна приказна за младо девојче кое мора да исполни една голема – и мистериозна – желба. За да успее, таа треба да излечи што е можно повеќе повредени срца и да наполни волшебно шишенце со нивните „парчиња од скршените срца“. Во оваа мисија ја следи Иореги – нејзиниот строг, но грижлив ментор, кој поради своите гревови е осуден да живее на Земјата во форма на плишано кученце. Тој ја штити, ја насочува и тивко ја исполнува со љубов. Мангата и анимето „Кобато“, создадени од прочуеното студио CLAMP, се преплет од детска наивност, зрела љубов, топлина и искреност. Секоја епизода е како мала, независна бајка – нежна, магична и полна со срце. Ако сакате да подарите нешто мило и светло, ова е совршениот избор.

1. „Kobato“