3I/ATLAS – Најбрзиот меѓуѕвезден посетител досега: Дали оваа „комета“ всушност е вонземска сонда?
На 1 јули, астрономите забележаа невообичаен објект што со вртоглава брзина навлезе во нашиот Сончев систем. Означен како 3I/ATLAS, овој мистериозен патник не потекнува од нашето космичко соседство. За само трет пат во историјата, е откриено дека доаѓа некој од меѓуѕвезден простор – но, овој „гостин“ е особен – најбрзиот што сме го виделе доsега и можеби е постар дури и од нашето Сонце.
In This Article:
3I/ATLAS влегува со 245.000 км/ч, голем e 20 км и можеби e постар од Сонцето
3I/ATLAS патува со неверојатни 245.000 километри на час и според првичните процени, неговиот дијаметар може да достигне и до 20 километри. Некои научници сугерираат дека ова тело е можно да е постаро од Сонцето. Многупати кога гледаме објект во Вселената мислиме дека е само камен или мраз, но чудната патека и особините на 3I/ATLAS ги наведоа некои научници да се запрашаат - дали станува збор за нешто повеќе?
Провокативни теории: Дали 3I/ATLAS е технологија на вонземјани?
Професорот по астрофизика на Харвард, Ави Леб, неодамна објави труд со наслов „Дали меѓуѕвезденото тело 3I/ATLAS е вонземска технологија?“. Леб е контроверзна фигура, бидејќи и за првиот познат меѓуѕвезден објект, Оумуамуа, предлага дека можеби бил вонземски објект. Тој и неговиот тим забележуваат дека орбитата на 3I/ATLAS доаѓа невообичаено блиску до Венера, Марс и Јупитер. Идејата за вонземски сонди можеби звучи чудно, но и луѓето испратија сонди што веќе го напуштија Сончевиот систем.
Како да препознаеме вонземска сонда? Клучни знаци на вештачкото потекло
Доколку забележиме сомнителен објект, би барале неколку индикатори. Најпрвин, природните комети испуштаат гасовит „опаш“, што би укажало на природно потекло. Но, доколку има радио-сигнали, електростатички испуштања или маневрирање – тоа се силни знаци за вештачки објект. Најсилен доказ би бил ако објектот се постави во стабилна орбита околу Земјата или прави намерни промени на траекторијата. Земјата е најинтересниот објект во Сончевиот систем, што го прави интересна цел за евентуална вонземска сонда.
Што ако вистината остане скриена? 3I/ATLAS – мистериозен гласник од длабоката вселена
Без конкретни докази, тешко е да се утврди дали некој меѓуѕвезден објект е природен или направен од вонземјани. Сепак, ваквите примери не потсетуваат колку Вселената е полна со изненадувања и мистерии. 3I/ATLAS најверојатно ќе остане регистриран како брз и стар леден посетител од далечно потекло. Но, токму ваквите објекти нѝ даваат можност да ги усовршиме нашите прашања и методи на набљудување, барајќи одговори за нашето космичко опкружување.