360 години мистерија конечно разрешена: Кој е моделот на славната „Девојка со бисерна обетка“ ?
Една од најфасцинантните уметнички мистерии веќе 360 години го возбудува светот: Кој е непознатиот модел на „Девојка со бисерна обетка“ на Јоханес Вермер? Сега, еден истакнат историчар на уметност алудира дека ја открил вистината – и приказната е повозбудлива и подлабока отколку што замислувавме.
In This Article:
Магдалена, 12-годишната девојка од Делфт
Историчарот Ендру Греам-Диксон открива дека Вермер речиси ексклузивно работел за холандскиот пар Питер Класзон ван Рујвен и Марија де Книјт. Тие припаѓале на радикална христијанска секта – Ремонстранти, во Делфт, Холандија. Според него, веројатно девојката на сликата е нивната ќерка Магдалена, која тогаш имала само 10 години. Облеката како следбеничка на Исус, Марија Магдалена, посочува на поврзаноста со религиозните убедувања на семејството.
Мистеријата продолжува: Можеби делото е само фантазија, а не портрет?
Други експерти се сомневаат во теоријата на Греам-Диксон. Авторката Рут Милингтон, во својата книга „Музата: Откривање на скриените личности зад ремек-делата од историјата на уметноста“, смета дека ова дело воопшто не е буквален портрет. „Привлечноста на оваа слика е токму во мистеријата на музата“, вели таа. Така наречен „трони“ – имагинарен лик, а не вистинска личност. „Премногу често луѓето читaт слики како биографски приказни, а тие се посложени од тоа.“ Вермер сакал да ја задржи мистеријата и да не открие се, истакнуваат од BBC.
Неразрешената тајна и вечната убавина ги пленат генерации
Трејси Чевалиер, авторка на романот „Девојка со бисерна обетка“, инспириран од сликата, верува дека магијата лежи токму во недефинираноста. „Не може никогаш да се одговори какви мисли има, или што чувствува девојката. Ако ја разрешиме мистеријата, паѓа и магијата,“ објаснува Чевалиер. Сликата останува вечна загатка која го плени светот.