Финалистка на Вимблдон остана без богатство од 36 милиони евра и за тоа го обвинува поранешниот сопруг: „Му верував“
Поранешната светска тенисерка број 1, Аранча Санчез Викарио, го обвини својот поранешен сопруг по загубата на богатството стекнато во кариерата. Четирикратната Грен слем шампионка во сингл беше во брак со претприемачот Жозеп Сантакана од 2008 до 2019 година. Во 2023 година, таа и Сантакана се најдоа на суд, обвинети дека криеле имот за да избегнат враќање долг кон Банката на Луксембург. Денес 54-годишната Санчез Викарио доби условна казна затвор од две години и наредба да врати долг од 5,5 милиони фунти (6,4 милиони евра)
In This Article:
Финалистката на Вимблдон од 1995 и 1996 не си ги водела финансиските работи
Запрашана за загубата на заработката од кариерата, проценета на 31 милион фунти (36 милиони евра), Санчез Викарио во шпанската телевизиска емисија Universo Callejo изјави: „Вистина е, тоа е сумата што се појави во печатот. „Се фокусирав на играње тенис и никогаш не ги водев сопствените финансиски работи бидејки не знаев како. Му верував на мојот сопруг... И тие [31 милион фунти] исчезнаа. Мене ми остана да го носам целиот товар.“ За својот поранешен сопруг, таа рече: „Му верував бидејки беше татко на моите деца. Се вљубив слепо, а тој навистина не е човекот за кој мислев дека е.“
Две години условно наместо затвор и половина од заработката кон банката
На прашањето како избегнала затворска казна, таа додаде: „Не отидов во затвор бидејки плакам 50 проценти од мојата заработка на банката. Постапувам според обврските, иако бев жртва.“ Потоа продолжи: „Тоа беше шок. Морав да одам на терапија бидејки не можев да поверувам. Беше како да се будам од сон и да мислам: ‘Ова не може да ми се случува мене.’“ На почетокот од кариерата, Санчез Викарио беше обвинета за затајување данок кога тврдеше дека живеела во Андора меѓу 1989 и 1993 година, иако всушност престојувала во Барселона. Подоцна се појавија и обвиненија од Банката на Луксембург поврзани со кредитна и имотна измама, како и обвиненија за прикривање имот.
Во автобиографијата од 2012 напиша дека семејството ја оставило без ништо
Ѕвездата родена во Барселона ја заврши тениската кариера во 2002 година, а подоцна на турнирот Мадрид мастерс доби терен именуван по неа. Санчез Викарио се уште има желба да се врати во Шпанија, а како главна мотивација ги наведува своите деца. Во 2012 година, во високо профилирана автобиографија, таа тврдеше дека нејзиното семејство ја оставило со „ништо“, откако ги водело нејзините финансии за време на кариерата. „Моите родители ме оставија без ништо и сега сум задолжена кон [даночните власти] и нема да молчам“, напиша таа. „Во последните месеци поминав низ толку тешки ситуации што се уште има моменти кога мислам дека е кошмар. „Вистината е дека односот со моето семејство не постои. Како е можно се што стекнав да исчезнало, да не постои? Јас сум жртвата и измамената.“