No Image x 0.00 + POST No Image

„Кога луѓето ќе останат без работа, ќе биде предоцна“: Бил Гејтс предупредува што нè чека со ВИ и роботите

SHARE
20

Бил Гејтс предупреди дека светот мора да направи повеќе за да се подготви за „турбулентна ера на ВИ“ пред работниците да бидат „истиснати или недоволно вработени“. Во есеј од речиси 5.900 зборови, објавен во средата, коосновачот на Мајкрософт напиша дека ВИ и роботиката на крајот нема да застанат само кај канцелариските професии кои веќе се под притисок од технологијата. „Мора да размислуваме сега за тоа како да ги намалиме загубите на работни места за сите да можат да учествуваат во просперитетот што го создава ВИ“, напиша Гејтс. Тој посочи дека креаторите на политики треба да размислат за заштита на одредени работни места за луѓето и за оданочување на автоматизациата, со цел да се финансира преквалификациа и посилна заштитна мрежа.

„Кога луѓето ќе останат без работа, ќе биде предоцна“: Бил Гејтс предупредува што нè чека со ВИ и роботите

Роботи што денес танцуваат лошо, а до крајот на деценијата можат да конкурираат во градежништво и угостителство

Досега, најголемиот удар од ВИ врз работните места беше насочен кон канцелариската работа, за која Гејтс рече дека веќе е погодена „скромно“. Но, според милијардерот, и физичките работници на крајот ќе бидат засегнати, како што роботите стануваат поевтини и поспособни. „Многу Американци со кои разговарам не сфаќаат колку брзо напредуваат спретните роботи“, напиша тој. И покрај впечатливите демонстрации, хуманоидните роботи сè уште не се широко прифатени во фабриките или во услужната работа, поради ограничувања во нивните основни ВИ системи и недостиг на прецизност во рацете. Гејтс, по сè изгледа, алудираше токму на таа празнина кога напиша дека луѓето можеби се „збунети од оние видеа со роботи што лошо танцуваат, а кои во последно време станаа вирални“. Сепак, тој рече дека „паметните“ роботи би можеле „до крајот на децениата“ да почнат да им конкурираат на луѓето во некои физички задачи во градежништвото и угостителството.

Роботи што денес танцуваат лошо, а до крајот на деценијата можат да конкурираат во градежништво и угостителство

„Нема техничка причина зошто не би можело. Сепак, не би требало“

Гејтс напиша дека, како што ВИ и роботите се подобруваат, општеството може да одлучи некои работи да ги остави само за луѓето, идеа што тој ја нарекува „Human Reserved“. Како пример го наведе моментот кога човек добива дијагноза за неизлечлива болест од робот. „Нема техничка причина зошто не би можело“, напиша тој. „Сепак, не би требало.“ Неговото размислување делумно било обликувано од грижата што ја добивал неговиот покоен татко откако развил Алцхајмерова болест. Коосновачот на Мајкрософт напиша дека платените негуватели ги разбирале потребите на неговиот татко дури и кога тој се мачел да ги изрази. Таа грижа, според Гејтс, била „незаменливо човечка“ и „ниеден робот не можел ниту требало да ја заврши“. Тој рече дека области како образованието и менталното здравство би можеле да станат мешавина од луѓе и ВИ, при што луѓето ќе останат надлежни.

„Нема техничка причина зошто не би можело. Сепак, не би требало“

Данок на ВИ токени и роботи како пари за преквалификациа

Гејтс рече и дека владите треба да ги оданочат ВИ токените, односно единиците во кои ВИ моделите го делат и обработуваат текстот и другите податоци, како и роботите. Целта, според него, е да се забави притисокот за замена на работниците и да се соберат пари за преодот. Тој посочи дека сегашниот даночен систем ги турка компаниите кон замена на работниците со машини, бидејќи работодавачите плаќаат даноци на плата кога вработуваат луѓе, додека роботите најчесто можат да се заведат како деловен трошок. Гејтс не е единствен во ставот дека бумот на ВИ бара нов пристап кон оданочувањето. Извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, повика на посилни даночни политики, потенцијално насочени кон ВИ компаниите, за придобивките од технологиата да се распределат пошироко. OpenAI, пак, предложи даноци поврзани со автоматизираниот труд како дел од поширок план за одговор на нарушувањата предизвикани од ВИ. „Да се чека додека луѓето веќе се истиснати или недоволно вработени ќе биде предоцна“, напиша Гејтс. „ВИ е структурен предизвик за начинот на кој е организирана нашата економиа, и бара размислување и дејствување сега.“

Данок на ВИ токени и роботи како пари за преквалификациа

-->