3 евтини производи, што се наоѓаат на пазар, за зајакнување на црниот дроб и имунитетот
Постојат три едноставни и достапни намирници кои можат значително да ја подобрат работата на црниот дроб, а притоа често се занемаруваат. Еве кои се тие...
Цвекло
Цвеклото е неопходно во зимската исхрана бидејќи содржи бројни хранливи материи што го поддржуваат здравјето на црниот дроб. Клучна компонента е бетаинот, кој помага во детоксикацијата и ја штити структурата на клетките. Тој ја стимулира разградбата на мастите во црниот дроб, спречувајќи нивно натрупување и намалувајќи го ризикот од заболувања поврзани со масна дегенерација. Покрај тоа, цвеклото содржи беталаини – пигменти со силни антиоксидантни и противвоспалителни својства, кои го намалуваат оксидативниот стрес и го зајакнуваат црниот дроб. Оваа намирница дополнително ја стимулира продукцијата на жолчка, го подобрува крвотокот и ја поттикнува активноста на ензимите за детоксикација.
Ѓумбир
Овој корен е познат по своите бројни здравствени придобивки, а меѓу нив е и позитивното влијание врз црниот дроб. Ѓумбирот содржи биоактивни соединенија, како гингероли и шогаоли, кои имаат антиоксидантно и противвоспалително дејство. Тие го намалуваат оксидативниот стрес и помагаат во заштитата на клетките. Ѓумбирот, исто така, го поттикнува лачењето на жолчката, што е важно за правилна дигестија на мастите. Дополнително, има антибактериски својства што помагаат во одржување на здрава цревна микрофлора, што е особено важно при исхрана богата со протеини.
Ореви
Меѓу различните видови јаткасти плодови, оревите се истакнуваат со високата содржина на антиоксиданти и корисни масти. Истражување од 2021 година покажало дека редовното консумирање на 28 грама ореви, во рамките на медитеранската исхрана, значително го намалува натрупувањето масти во црниот дроб. Оревите содржат соединенија што го намалуваат ризикот од оштетување на црниот дроб и го поддржуваат неговото нормално функционирање. Тие се лесно достапни и можат да бидат одличен додаток во исхраната за заштита и јакнење на овој важен орган.