No Image x 0.00 + POST No Image

Спречен увоз на 23 тони сомнително пилешко месо од Бразил

SHARE
25

Пратка со замрзнато пилешко месо од Бразил не доби дозвола да влезе во Македониjа. Како што информира АХВ, причината е непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, мерка донесена заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса, односно птичји грип, во земјава.

Спречен увоз на 23 тони сомнително пилешко месо од Бразил

Забраната го опфаќа месото добиено пред 1 август 2025

Пратката е одбиена бидејќи замрзнатото пилешко месо било произведено во јануари 2025 година. Според донесеното решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Забраната го опфаќа месото добиено пред 1 август 2025

Во декември 2025 од истиот премин се вратија над 26 тони пилешки батак

Ова не е прв случај поврзан со истата забрана. Ветеринарите на овој граничен премин, поради истата причина, во декември 2025 година во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.

Во декември 2025 од истиот премин се вратија над 26 тони пилешки батак

АХВ до увозниците по одбиената пратка

Институцијата упати апел до увозниците на храна да ги почитуваат правилата што се однесуваат на безбедноста на храната. „Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет“, наведува АХВ.

АХВ до увозниците по одбиената пратка

-->