Грција ја посетиле 20 милиони туристи за 7 месеци, а приходот од туризам им е неверојатно голем
Грчкиот туризам влезе во летото со силен биланс: во првите седум месеци од годинава земјата ја посетиле околу 20 милиони туристи. Тоа е зголемување од 8,6 отсто во споредба со истиот период лани, според податоците на Банката на Грција.
Копнените премини скокнале за 17,5 отсто, а аеродромите за 6 отсто
Растот не дошол само преку авионските линии. Податоците покажуваат дека пристигнувањата преку копнените гранични премини пораснале за 17,5 отсто, додека преку аеродромите биле зголемени за 6 отсто. Од земјите членки на ЕУ пристигнале 11,6 милиони посетители, а од останатите земји биле регистрирани 8,5 милиони.
13,5 милијарди евра за јануари–јули, и покрај послабиот јули
Приходите од туризмот во периодот јануари–јули достигнале 13,5 милијарди евра, што претставува раст од 12 отсто на годишно ниво. Само во јули бројот на туристи бил за 3,1 отсто помал во однос на истиот месец лани, но приходите сепак пораснале за 7,2 отсто. Минатата година беше рекордна за грчкиот туризам, со речиси 38 милиони туристи и приходи од 23,6 милијарди евра.