No Image x 0.00 + POST No Image

Не си положил за камион или автобус? Дај 1.400 евра и „средено“ - се истражува шема со возачки дозволи во МВР

SHARE
25

Внатрешната контрола на МВР истражува случај во кој вработени во управните служби, наводно, незаконски внесувале Ц и Д категории во возачки дозволи на лица кои немале положено за управување камиони и автобуси. Според медиумските информации, за внесување на категориите се наплаќале околу 1.400 евра.

Не си положил за камион или автобус? Дај 1.400 евра и „средено“ - се истражува шема со возачки дозволи во МВР

Службеници биле затекнати при внесување категории во системот

Сомнежите се однесуваат на службеници кои биле затекнати при незаконското внесување на категориите во системот. МВР соопшти дека за случајот е известено надлежното Основно јавно обвинителство и дека во координација со Обвинителството се преземаат активности за негово расчистување.

Службеници биле затекнати при внесување категории во системот

Пријава за изгубена дозвола, па нов документ со повисока категорија

Се истражува колку службеници биле вклучени и колку возачки дозволи биле издадени на овој начин. Човекот ја пријавувал старата возачка како изгубена, барал нова, а при изработката во системот му се додавала Ц или Д категорија што никогаш не ја положил. Така можел легално на хартија да вози камион или автобус.

Пријава за изгубена дозвола, па нов документ со повисока категорија

„Левица“ тврди дека има повеќе од 300 незаконски внесени категории

Дополнителни сомнежи предизвикува информацијата дека меѓу лицата опфатени со истрагата има и службеници кои претходно биле поврзувани со аферата со лажни пасоши. Од „Левица“ тврдат дека незаконски категории биле внесени во повеќе од 300 возачки дозволи и бараат целосна и независна истрага, како и одговори од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Левица“ тврди дека има повеќе од 300 незаконски внесени категории

-->