10 славни двојки со голема разлика во години кои ги „разгореа“ социјалните мрежи
Љубовта меѓу Џорџ и Амал започнала во 2013. Џорџ во едно интервју рекол: „Мислев дека е убава, духовита и, секако, неверојатно паметна.“ Додал и шеговито: „Таа веројатно помисли дека сум стар.“ Се венчале во 2014 и денес се родители на близнаци – Александар и Ела.
In This Article:
- Џеф Голдблум и Емили Ливингстон — 30 години
- Харисон Форд и Калиста Флокхарт — 22 години
- Сем Тејлор-Џонсон и Арон Тејлор-Џонсон — 23 години
- Хилари Бартон и Џефри Дин Морган — 16 години
- Стивен Тајлер и Ејми Престон — 39 години
- Николас Кејџ и Рико Шибата — 31 година
- Рони Вуд и Сали Хамфрис — 31 година
- Џон Стамос и Кејтлин Мекхју — 23 години
- Мел Гибсон и Розалинд Рос — 35 години
Џеф Голдблум и Емили Ливингстон — 30 години
Гимнастичарката и ѕвездата на Jurassic World Dominion се запознале во 2011 година. Во јули 2014 се свршиле, а се венчале на 8 ноември истата година во прочуениот хотел Chateau Marmont во Лос Анџелес. За Ливингстон тоа било прво, а за Голдблум трет брак. Денес имаат две деца заедно.
Харисон Форд и Калиста Флокхарт — 22 години
Се запознале на доделувањето на Златните глобуси во 2002 година, кога Форд имал 60, а Флокхарт 38 години. По 7 и пол години врска, Харисон ѝ предложил брак на Денот на вљубените во 2009. Се венчале истата година во Санта Фе, Њу Мексико, и заедно посвоиле дете.
Сем Тејлор-Џонсон и Арон Тејлор-Џонсон — 23 години
Во 2009, Сем и Арон објавиле свршувачка и покрај разликата од 23 години. Се запознале за време на снимањето на Nowhere Boy, каде Сем била режисерка. Арон во интервју за Men’s Health изјавил: „Таа има млада, убава душа – никогаш не би претпоставиле колку години има.“
Хилари Бартон и Џефри Дин Морган — 16 години
Ѕвездата на One Tree Hill, Хилари Бартон, и актерот од The Walking Dead, Џефри Дин Морган, биле запознаени преку заеднички пријател во 2009. Имаат две деца – син роден во 2010 и ќерка во 2018. По десет години заедно, се венчале во интимна церемонија во октомври 2019.
Стивен Тајлер и Ејми Престон — 39 години
Легендата од Aerosmith, Стивен Тајлер, е во врска со Ејми Престон, поранешна негова лична асистентка. Се појавија јавно како пар во 2016 година. Интересен факт – Престон порано работела и за Викторија Бекам.
Николас Кејџ и Рико Шибата — 31 година
Актерот ја запознал својата петта сопруга во Јапонија, а врската ја објавиле во јануари 2020. Николас ѝ предложил брак преку видео повик и ѝ го испратил прстенот по Федекс. Се венчале во Лас Вегас на 16 февруари 2021. Во септември 2022, ја добија ќерката Август Франческа.
Рони Вуд и Сали Хамфрис — 31 година
Гитаристот на The Rolling Stones, Рони Вуд, се оженил со Сали Хамфрис во 2012. Таа е 31 година помлада од него. Пред самиот 69-ти роденден на Вуд, парот доби близначки. Сали еднаш изјавила: „Би било полесно без таа разлика, но можеби јас сум постара од своите години, а тој помлад во душата.“
Џон Стамос и Кејтлин Мекхју — 23 години
Џон и Кејтлин се запознале во 2015 за време на снимање на Law & Order: SVU. Стамос ја запросил во нејзиниот омилен парк – Дизниленд. Во 2018 добија син по име Били. Стамос напиша: „Од сега, најдобриот дел од мене се мојата сопруга и мојот син.“
Мел Гибсон и Розалинд Рос — 35 години
Мел и Розалинд се заедно од 2014 и имаат едно дете. Иако често се тема на критики поради возрасната разлика, Гибсон изјавил: „Возрастa е само број. Таа е возрасна личност и супер ни е заедно. Секако, има одредена неизвесност, но досега одлично функционира. Таа е навистина посебна личност.“